Не е необично со стареењето да се влошува слухот. Дури во некои постари години тоа се смета за нормален физиолошки процес. Но, степенот на влошување мора да одговара на годините на старост, предупредуваат стручњаците. Ако степено на оштетување е поголем отколку што се толерира во одредени години, мора да се утврдат причините. Во некои случаи оштетувањето може да настане под влијание на вродени маани, но и како последица од извршување одредени професии, како на пример, престојување долго време во многу бучна просторија.

Зуење

Првиот знак дека слухот попушта може да биде повременото шушкање или ѕвонење во ушите. Слабото зуење или силен звук најчесто се забележуваат во просторија во која владее тишина. Но, ако овој звук стане поинтензивен, постојан и без прекини, тоа значи дека нервите во ушите се оштетени, тврдат стручњаците од Одделот за оториноларингологија од Медицинското училиште во Њујорк. Тие, исто така, предупредуваат дека користењето слушалки значително придонесува за оштетување на слухот.

Перманентното губење на слухот може да се случи по осум до 15 минути по слушаето музија на максимална јачина. Минливото зуење или бучење во ушите по слушањето гласна музика или по некој концерт, треба да бидат знаци на предупредување дека музиката била прегласна.

Рамнотежа

Честата нестабилност и тетеравењето во одењето не мора да бидат причина за намалена концентрација или за низок притисок. Имено, стручњаците тврдат дека оние кои имаат проблеми со слухот користта многу енергија за да слушнат што се случува околу нив, па така на сосема едноставни активности, како што е оддржувањето рамнотежа, нивниот мозок посветува доволно внимание. Доколку дополнително се оштетени каналчињата на внатрешното уво, кои испраќаат сигнали до мозокот, тоа може да биде причина за нарушување на рамнотежата.

Заборавеност

Најголем дел од податоците кои ги помниме, всушност ги имаме некаде слушнато.

Тешко е да се запомни нешто, ако не слушате добро нагласува доктор Черукури од Медицинското училиште во Њујорк. – Постепеното губење на слухот на постари години може да биде причина за намалување на помнењето.

Што кажа?

Ако не можете добро да го разберете соговорникот во средина каде е многу бучно и каде се мешаат разни звуци, како што е, да речеме, ресторан за време на ручек, или често барате од него да ви повтори што кажал точно, не ја обвинувајте ја за тоа лошата акустика. Увото кое нормално функционира може да го ,,улови,, тоа што сакате да го слушате и во бучна просторија. Ако не сте во можност да го слушнете тоа, тоа е еден од првите симптоми дека го губите слухот. Во оваа фаза може да се појават проблеми со разбирање на телефонски разговор.

Лекување

Влошувањето на слухот може да се лекува, а се користат или конзервативни методи, односно лекови, или хируршки методи. Изборот зависи од причините кои довеле до оштетување на слухот. Кај проблеми со внатрешното уво воглавно се користат конзервативни методи, додека за средното и надворешното уво проблемите се решаваат со операција. Сепак, превенцијата е најдобра, а тоа е пред се одбегнување на врева.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина