Дали сте се запрашале некогаш зошто масното ткиво најмногу ви се собира на одреден дел од телото? Науката вели дека дистрибуцијата на маснотиите е поврзана со одредени здравствени навики, а ако знаете зошто најмногу се дебелеете во стомакот или на колковите полесно ќе одберете режим на исхрана и вид на вежби кои ќе ви помогнат да ослабнете.

Еве кои се петте најкритични делови на телото и како да постапите.

1. Горен дел на телото

 

Масното ткиво најмногу се собира на стомакот, грбот, рамењата, во делот на градите и на рацете до лактите. Причина е погрешната исхрана и недоволната физичка активност.

Воведете промени во исхраната кои вклучуваат внесување на 500 до 1000 калории помалку дневно, пет пати седмично вежбајте 30 до 60 минути, најдобро кардио вежби (велосипед, брзо одење). Вежбите правете ги со темпо со кое нема да ви биде напорно да разговарате со некој друг.

Вклучете и вежби за горниот дел на телото, како склекови, стомачни, екстензии и слично.

 

2. Дел од стомакот до папокот и лумбалниот дел од грбот

 

Ако се дебелеете најмногу во делот тоа може да биде знак за третерано работење на хормонот за стрес – кортизол. Трудете се да се храните што поздраво, да јадете многу влакна, витамини, минерали со комбинирање вежби кои вклучуваат и техники за полесно справување со стресот, како што се јога и пилатес.

Ако стомакот ви е постојано надуен (без присутност на сало на грбот) тоа може да биде последица од потешкотии со дишењето или претерано консумирање алкохол. Намалете го консумирањето на алкохолот или посетете доктор ако имате проблеми со дишењето.

 

3. Дел од стомакот од градите и целиот грб

 

Знак е дека не сте доволно физички активни и дека се храните лошо, односно да ги прескокнувате оброците и да се прејадувате. Обидете се да јадете по пет умерени оброци дневно, јадете помали порции и што повеќе здрава, нискокалорична храна. Покрај тоа бидете и повеќе физички активни, чекорете, пливајте и практикувајте вежби за грбот и вежби за стомакоот.

 

4. Дел од стомакот, колковите и задникот

 

Ако ви се собира најмногу масно ткиво на ова, за многу жени ,,критичен дел,, тоа е јасен знак дека не сте доволно физички активни. Фокусирајте се на вежбите за издржливост за долниот дел од грбот, а одличен избор ќе биде кружен тренинг и велосипедизам.

 

5. Дел од стомакот, задникот и целите нозе

 

Масното ткиво кое го зафаќа долниот дел од телото вклучувајќи ги и ножните листови и глуждови е обично последица од бременост. Кај овој проблем важат истите совети како под број четири, однсно за делот за стомакот, колковите и задникот.

 

Тагови: слабеење
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина