Она по што се разликуваат денешните жени од своите врснички од порано е позачуваното тело и подоброто здравје. Медицинскиот напредок, вежбањето и се подостапната здрава храна ја имаат продолжено женската привлечност и виталност за неколку години.

Предноста на четирисеттите

Доколку се мајки, децата веќе им се доволно големи и не бараат постојана грижа, повеќето имаат направено кариера и финансиски се осамостоени, сексуално се поискусни и поосвестени.  Кога ќе се соберат сите предности на жените во четирисеттите, не е необично што сексуалниот живот им е поквалитетен од порано. Анкетата која ја има спроведено британското списание Top Sante покажува дека 80% од омажените жени во четириесеттите години се поактивни во сексот отколку во дваесеттите години, додека 63% од нив имаат подобар секс затоа што со годините се здобиле со самодоверба. Истата таа анкета покажала и дека сексот им е подобар на жените кога децата ќе им наполнат десет години, а дека дополнително тој се подобрува откако децата ќе им се отселат од дома.

 

 

Како котира сексот кај жените на оваа возраст?

 

 

Заблуда број 1: Помалку енергија за секс

 

Во четириесеттите години луѓето имаат послаба кондиција отколку на дваесет години, но падот на силата и енергијата е благ, освен ако не е предизвикан од некоја болест, хормонско нарушување или несоодветен начин на живот. Доктор треба да ве прегледа за хипоттиреоза, анемија, недостиг на витамини и минерали. Независно од резултатите од таа контрола, разгледајте дали можете подобро да си го организирате животот, да воведете ред во спиењето и помалку да се исцрпувате.

 

 

Заблуда број  2: Телото престанува да реагира сексуално

 

Уште пред менопаузата, жените доживуваат нередовни менструации, промени на расположението и намалено вагинално влажнење. Оваа последица може да биде проблем, бидејќи го прави сексот да биде помалку ,,удобен,,. Но, со сексот и играњето со сопственото тело може да се поттикне природната лубрикација. Ако сепак таа изостане, пробајте со средства за лубрикација и хормонска терапија, кои можат да го надоместат овој недостиг.

 

 

Заблуда број 3: Заситување во бракот/врската

 

Ова може да биде виситна, но не поради возраста, туку поради долгиот стаж во врската. Луѓето се заситуваат од се со кое се подолго време во контакт, било тоа да е музика, храна или партнер. Против монотонијата помагаат промените и новостите. Ако со партнерот не можете да се сетите со што можете да го освежиот половиот живот, надахнете се со филмови, списанија и книги со соодветна содржина. Усвојте нови сексуални потези и трикови кои ќе ви ги забрзаат крвотокот и дишењето.

 

 

Заблуда број 4: Жените на четириесет години не се привлечни и имаат вишок килограми

 

Повеќето луѓе трупаат килограми низ годините. Ако сте меѓу нив, не значи дека ќе бидете грди. Многу мажи сакаат жени со вишок килограми, посебно кога се голи. Ако партнерот ви има четириесет и повеќе години, голема е веројатноста дека нема да му биде грижа за вашата зголемена телесна тежина. На крај на краиштата, дебелината не е судбина – со повеќе движење и со внимателно одбрани намирници можете да ја постигнете посакуваната тежина во секое доба.

 

 

Заблуда број 5: Контрацепцијата не е повеќе потребна

 

не заборавате на уште едната заблуда, со напомена дека вистината овојпат нема да ви оди во прилог: не е точно дека по четириесеттата не е потребна контрола на бременоста. За тоа треба да причекате да помине најмалку една година без имање менструација. А независно од можноста за зачнување, заштитата и понатаму ќе ви биде потребна – од полово преносливите болести.
 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина