5 – минутен тренинг на целото тело без реквизити (видео)
За многумина патувањето е време кога не можат да вежбаат затоа што ,,немаат каде и како,,. Ова особено е изговор кога се сместени во хотел во кој нема теретана или друг вид на сала за вежбање каде би можеле да тренираат. Но, еден добар тренинг без ни малку проблеми може да се направи и во хотелската соба. Се што ви треба е само малку слободен простор. Погледнете го следново видео и вежби како да тренирате кога не сте во состојба да одите во теретана и заборавете некогаш да се жалите дека немате како да вежбате кога сте на пат.
Потребна ви е само крпа, која ќе ви биде замена за подлога за вежбање и еден стол.
1. Кревање на колковите
Легнете на грб, а стапалата ставете ги на стол, така што колената да ви бидат под прав агол. Со рацете, ставени покрај телото, потпрете се на подот и кревајте ги колковите нагоре се додека телото не ви дојде во рамна линија со натколениците. Во горната положба стиснете го задникот. Повторете ја вежбата 20 пати.
2. Склекови
Од претходната вежба застанете во положба за склек и направете неколку склекови, така што при секој склек целосно ќе се спуштате до долу и дланките ќе ги тргнете од подот. Направете 10 склекови.
3. Бугарски исчекори
Застанете пред столот. Стапалото од едната нога зафрлете ја рамно напред и со горниот дел ставете ја на столот. Држејќи го рамно грбот, спуштајте се во исчекор, внимавајќи притоа коленото од предната нога да не ја надминува линијата прстите. Ако тоа се случува, поттргнете ја предната нога малку понапред, а тежината на телото за време на спуштањето повеќе префрлете на задната нога. Направете по 20 исчекори со секоја нога.
4. Издржување + обратен склек + привлекување на колената
Застанете во положба на издржување со испружени раце, а стапалата ставени на столот. Од таа положба, полека со дланките ,,дошетајте,, колку што можете поблиску до столот, внимавајќи рбетот да остане притоа цврст, а нозете испружени. Потоа, едната нога кренете ја во воздух колку што е можно повеќе, па на една нога направете склек, така што лактите ќе ги ширите во страна. Вратете се во положба, па со дланките прошетајте назад во положба на издржување, па од таа положба коленото од истата нога која ја кревавте во страна приближете ја колку што можете поблиску до лактот на таа рака, па вратете ја во почетна положба. Направете на секоја страна по 5 повторувања.
5. Стомачни
Стомачните се уште една лесна вежба, која можете да ја правите буквално секаде, а која е одлична за јакнење и обликување на мускулите на стомакот и за согорување на масното ткиво и калориите.