Веројатно веќе сте запознаени со предностите кои ги нуди вкусното авокадо. Масните киселини во авокадото се фантастични, и помагаат на кожата да остане хидрирана и без иритации. Тој е одличен за чувствителната кожа и за смирување иритации кои знаат да се враќаат. Бенефитите од ова тропско овошје, кое во исхраната се користи како зеленчук, можат да се искористат со ставање маски од него или со негово консумираење во облик на смути. Освежете ја кожата и вратете и го сјајот со помош на овие пет лесни маски, кои можете да ги направите дома.

Ревитализирачка маска

Ако текстурата и типот на вашата кожа се нормални, но сакате малку да и пружите љубов – тогаш оваа маска е за вас. Јогуртот во оваа маска има противоспалително дејство, а има и млечна киселина, која е одлична за пилинг. Покрај тоа, авокадото изобилува со Б витамин и со масни киселини.

Состојки:

  • 1/2 чаша јогурт
  • 1/2 авокадо (пасирано)
  • 1/4 филџан мед

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки и нанесете ја маската на лице. Почекајте 20 минути и измијте ја со млака вода.

Хидратантна маса

Омега – 3 масните киселини и витаминот Б од авокадото ја враќаат влажноста на сувата кожа. Медот е одличен затоа што ја хидрира кожата без иритации, а мангото, кое е богато со витамин Ц, ја осветлува кожата. Со додавање на маслиновото масло, маската уште повеќе ќе стане хидратантна.

Состојки:

  • 2 лажици мед
  • 2 лажици пасирано авокадо
  •  2 лажици маслиново масло
  •  1 пасирано манго

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки и нанесете ја маската на лице. Почекајте 20 минути и измијте ја со млака вода.

Зелена маска за детоксикација

Сокот од пченична трева прави оваа маска да може длабински да ја чисти кожата. Сокот ја стимулира лимфната дренажа и го подобрува впивањето на нутритиентите во кожата.

Состојки:

  • ¼ чаша јогурт
  • ½ пасирано авокадо
  •  2 лажици сок од пченична трева или овесна трева

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки, а потоа нанесете ја маската внимателно на лицето. Оставете ја да делува 15 минути, па измијте ја.

Антибактериска авокадо маска

Оваа маска е одлична за сите оние кои имаат акни и комбинирана кожа. Од авокадото се добива хидратација, додека од кокосовото масло и алое верата делуваат антибактериските состојки содржани во нив.

Состојки:

  • ½ пасирано авокадо
  • 1 мала лажичка кокосово масло
  •  1 мала лажичка алое вера

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки во чинија. Нанесете ги на лицето и оставете да делуваат 10 минути. Потоа измијте ги со топла вода.

Авокадо маска со матча прав, за посветлување на кожата

Оваа маска е одличен antiage третман и за лицето и за телото. Зелениот чај е многу моќен антиоксиданс, додека медот и авокадото се одлични за хидратација. Кафеавиот шеќер, пак е одличен за пилинг.

Состојки:

  • 1 мала лажичка зелен чај во прав
  • ¼ пасирано авокадо
  •  3 лажици кафеав шеќер
  • 1 лажица мед

Подготовка:

Имешајте ги сите состојки и во тенок слој нанесете ја маската на лицето и на телото, притоа нежно втривајќи ја во кожата со кружни движења. Одбегнувајте го пределот околу очите. Оставете ја да делува 10 минти, па измијте ја со топла вода.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина