Доколку имате псоријазен артритис, постојат многу причини зошто треба да се храните здраво. Оваа автоимуна болест, која напаѓа дури 30% од луѓето со псоријаза, може да доведе до болка, оток и здрвување на зглобовите. А поради тоа што вишокот килограми уште повеќе вршат притисок на зглобовите, тие доведуваат до влошување на симптомите на псоријазниот артритис и водат, со тек на време, до влошување на состојбата на зглобовите.

 

Кога болните од псоријазен артритис размислуваат за диета, треба да имаат предвид дека псоријазата може малку да ја зголеми веројатноста да се развијат други здравствени проблеми, како на пример висок крвен притисок, високо ниво на холестерол, дебелеење и дијабетес, според Американскиот Колеџ по реуматологија. Ова го прави особено важно за пациентите со псоријазен артритис, кои исто така имаат псоријаза, да консумираат намирници кои ќе им го штитат срцето и кои ќе им помогнат да ги оддржуваат здрави нивоата на холестерол. Во исто време, тие треба да одбегнуваат намирници кои предизвикуваат воспаленија, кои имаат празни калории, кои можат да водат до дебелеење и кои се полни со холестерол.

 

Да се одбегнува: Бонбони и слатки

 

Слатките имаат мали нутритивни придобивки, а слаткото се поврзува со дебелеењето, високиот холестерол и висок крвен притисок, но исто така и со голем ризик за дијабетес, рак и срцеви заболувања. Покрај тоа, консумирањето рафинирани скробови и шеќер може да го зголеми производството на проинфламаторните молекули познати како цитокини. Кажано со други зборови, лимитирањето на земањето шеќери е паметна стратегија за секого, но е особено важна за оние кои имаат псоријазен артритис.

 

Да се одбегнува: Газирани пијалоци

 

Како и со бонбоните, газираните пијалоци имаат на тони калории во себе, спакувани во облик на шеќери. Ништо подобри не се во тој поглед ни диеталните газирани пијалоци: диет верзиите, кои во себе содржат вештачки засладувачи, како аспартам и сукралоза, се поврзуваат со ризикот за добивање дијабетес тип 2, срцеви заболувања, депресија и распаѓање на забите. Освен тоа, диеталните газирани пијалоци немаат никаква нутритивна вредност и можат исто така да водат до дебелеење – дури и кога на нив пишува нула калории.

 

Да се одбегнува: Преработена храна

 

Конзервирана смрзната храна, купени печења, засладувачи за кафе и други преработени производи честопати се преполни со шеќери, сол и конзерванси. Всушност, една неодамнешна студија објавена во BMJ Open дошла до заклучок декa неверојатни 60% од калориите во една просечна исхрана во Америка потекнуваат од “ултра-преработената” храна, која содржи адитиви како што се хидрогенизирани масти и емулгатори. Тука спаѓаат чипсовите, колачите и замрзнатите пици. Сите овие нема да бидат од никаква полза за вашата кожа, зглобови или срце.

 

Да се одбегнува: Сланина

 

Денес е тешко да се оддржува чекор со последните добри и лоши масти и масни меса, посебно оние преработените, како што е сланината. Секако, тие содржат заситени масти, кои го зголемуваат нивото на ,,лошиот,, ЛДЛ холестерол и го зголемуваат ризикот за развој на срцева болест. Луѓето со псоријазен артритис, или со било какво заболување на зглобовите, го лимитираат консумирањето на масни меса со цел да ја оддржуваат тежината здрава и да го држат воспалението под контрола.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина