Кога треба да се одбере само еден вид јатскаст плод, тоа секако би требале да бидат индиските ореви. Зошто? Накратко кажано, тие се преполни се со здравствени бенефити кои едноставно не можат да се игнорираат. Еве во продолжение кои се некои од нив.

Индиските ореви се добри за кожата, косата и коските

Еден грст индиски ореви (од прилика една четвртина филџан) ќе задоволи дури 98% од препорачаната дневна потреба за бакар! Иако може да се чини чудно да се косумира бакар, тој е многу важен за производството на меланин, кој е пак важен за пигментот на кожата и косата. Индиските ореви се богати и со железо и магнезиум, кои се клучни за одржување на здрави коски.

Индиските ореви изобилуваат со протеини

Како и другите јаткасти плодови, индиските ореви се одличен начин за задоволување на дневната потреба на организмот со протеини. Еден грст индиски ореви содржи дури 5 грама протеини, па од тука дури и најмалите порции се многу полезни и богати со нутритиенти. Исто така, тие се одлични грицки после вежбање.

Лесно се вклучуваат во оброците

Индиските ореви, без сомнение, се најразновидни јаткасти плодови. Може да се стават во омилената зобена каша или смути за да се збогати појадокот, во омилената салата за време на ручекот или во прженото јадење за вечера. Опциите се бескрајни.

Индиските ореви се преполни со добри масти

Веројатно имате слушнато дека индиските ореви се најмасните јаткасти плодови, но важно е да се разбере за какви масти всушност станува збор. Дури 82% од овие масти се незаситени масни киселини, од кои 66% се мононезаситени. Кажано поинаку, се работи за многу здрави масти кои го намалуваат ризикот од разни срцеви заболувања.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина