Ако сте маж, можете на овие нешта сериозно да обратите внимание кога се работи за вашиот пенис. Иако мислиме дека обично го познаваме својот пенис и дека можеме да забележиме било што што укажува на потенцијален проблем, стручњаците тврдат дека постојат нешта кои ни се чинат сосема нормално, а всушност се многу опасни.

Знак за рак на тестисите

И додека повеќето од овие испапчувања се сосема безопасно, ракот на тестисите е еден од највообичаените ракови кај мажите и треба да посетите доктор ако ги забележите. Ако се воочи на време, ракот на тестисите е излечлив во 99% од случаите. Сепак, најдобро би било сами да го прегледувате својот пенис неколку пати месечно за време на туширањето, на пример.

Пенисот се криви повеќе од вообичаено

Ако пенисот ви се криви на одредена страна за време на ерекција, а се чини најкриво од вообичаено и е потврд под кожата, време е да појдете на доктор. Всушност, ако имате впечаток како паричка да се има заглавено во него, може да се работи за Пејрониева болест, која укажува на трупање на ткива. Ако не се лекува, оваа болест може да го напави сексост болен и да доведе до уште посериозни кривења на пенисот. Во најлош случај, може дури и да го зголеми ризикот од кршење на пенисот.

Болен оргазам

Ако ве боли пенисот секојпат кога ќе стигнете до климакс, било во самиот пенис или во тестисите, па дури и во долниот дел од грбот, тоа морате веднаш да му го кажете на докторот. Болните ерекции можат да укажуваат и на воспаление ли дури и за рак на простатата.

Проблеми со уринирањето или пецкање

Ова може да биде знак за зголемена простата или инфекции на уринарниот ракт и треба да посетите медицински професионалец за да утврди за што точно се работи. Ако во урината има крв, тоа може да биде знае за камен во бубрег или за зголемување на простатата.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина