Токсините се дел од секојдневниот живот и не можеме да побегнеме од нив. Се наоѓаат насекаде околу нас, во воздухот, водата, храната, но и во нашето тело. Погледнете кои се четирите најголеми ,,токсини,, во нашиот живот кои мораме да ги одбегнеме ако не сакаме да имаме сериозни здравствени проблеми.

1. Недостаток на сон

Потребен ви е квалитетен сон, за да може телото непречено да ги спроведува неговите внатрешни процеси на детоксикација. Стручњаците препорачуваат осум часа сон секоја ноќ.

Доколку имате проблеми со спиењето, обидете се малку да го стабилизирате ритамот – секој ден легнувајте во исто време. Недостатокот на сон ќе делува лошо врз вашето здравје.

2. Готова храна

Кога се враќаме уморни од работа, понекогаш најлесно е да се замине во продавница и да се купи веќе подготвена храна. Меѓутоа, консумирањето готова храна во организмот треба да биде минимално, бидејќи честопати таквите јадења не ги содржат потребните нутритиенти и често се полни со нездрави масти, шеќери и токсини.

3. “Неуредно” минато

Ако долго време сте пушеле, сте консумирале брза храна или сте пиеле поголеми количини алкохол, тоа остава долгорочни последици врз здравјето. Дури и кога ќе се ослободиме од овие ,,пороци,,, телото ги помни.

Кога организмот ни е преоптоварен со токсини, тој мора да пронајде место каде ќе ги ,,складира,, и воглаво ги остава во масно ткиво. Затоа докторите препорачуваат барем еднаш годишно да се направи мала програма за детоксификација, со која ќе се елиминираат ,,скриените,, токсини.

4. Производи за чистење

Сите ние сакаме чист дом без бактерии, па често земаме разни средства за чистење кои во себе содржат хемикалии и, иако лесно си ја исполнуваат својата задача, всушност не се добри за здравјето ако ги користиме неправилно. За време на чистењето треба да се носат заштитни ракавици, а доколку на производот пишува да се заштитат и дишните патишта, задолжително треба да се направи тоа.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина