4 идеални вежби за оние кои долго седат
Поради долготрајното седење и недоволното движење може да дојде до разни боли и потешкотии, кои се посебно штетни за рбетот. Најчестите ефекти од долготрајното седење се вкочанети и слаби мускули, скратени тетиви и лигаменти, што на крајот доведува до лошо држење на телото и болки во грбот и вратот. Најдобро решение во борбата против нив се вежбите.
Птица – Куче
Заземете положба, така што ќе се придржувате со рацете и колената, а грбот треба да ви остане рамен. Истовремено подигнувајте ги едната рака и спротивната нога, а потоа вратете се во почетната положба. Направете 4 серии од по 15 повторувања.
Подигање на колковите
Легнете на под и раширете ги нозете, така што колената да ви дојдат во ширина на рамењата. Подигнете ги колковите, држејќи го остатокот на телото на подот, а потоа вратете се во почетната положба. Направете 4 серии од по 15 повторувања.
Протегнување наназад
Легнете на стомак. Подигнете ги горниот и долниот дел од телото и останете кратко во таа положба. Потоа вратете се во првобитната положба. Направете 4 серии од по 10 – 15 повторувања.
Кревање товар
Сигурно нема секој од вас дома тегови, но секој товар при изведување на оваа вежба е добредојден, па можете наместо тегови да користите и шишиња за вода од по 2 литри. Седнете на под и колената потпрете ги на градите. Подигнете ги рацете, а потоа вратете ги назад. Направете 4 серии од по 12 – 15 повторувања.