3 брзи бразилски вежби за затегнат задник (видео)
“Бразилски вежби за задник” е името на сетот вежби за подигање на задникот, кои делуваат на трите главни мускули во овој дел. Вежбите на Леандро се едноставни за изведување, а даваат одлични резултати. Можете да ги правите и дома, само треба да ги следите упатствата како да ги изведете:
Вежба бр. 1
Исправете се, а нозете раширете ги во ширина на колковите. Наведнете се во получучната положба, така што стапалата ќе ви останат на подот, а колената ќе бидат под агол од 90 степени. Од таа положба истапете со едната нога кон нанапред, вратете се во получучната положба, па истото направете го со другата нога. Повторете ја оваа вежба 30 пати.
Вежба бр. 2
Од получучната положба истапете со едната нога наназад, а рацете испружете ги нанапред. Вратете се во получучната положба и повторете го истото со другата нога. Со секоја нога направете серија од 30 наизменични повторувања.
Вежба бр. 3
Легнете на страна и поткренете ги двете нозе 5 сантиметри од подот. Горната нога кревајте ја нагоре до висина на рамениците, па потоа полека спуштете ја. Долната нога за тоа време треба постојано да ви биде крената во воздух – на неколку сантиметри од површината на која сте навалени на страна. Повторете ја вежбата 30 пати, па завртете се на другата страна. За максимални резултати, на зглобовите ставете тегови од еден килограм.