Разновидноста е убавината на оваа вежба. Покрај тоа, таа одлично ќе ви ги зајакне рацете, а за сето време на вежбањето сте под постојан притисок. А на крај, сета таа комбинација од позиција на куче – птица и склекови значително ќе ги засили барањата за стабилност на центарот на телото.

Планкот во комбинација со останатите вежби ги гради мускулите на рацете, а во исто време помага исто така во стабилизирање на трупот, што е исто така многу важно и е круцијален елемент од зајакнување на силата при изведување на вежбите, нешто кое повеќето го превидуваат.

Типичните движења, како што се чучнувањата и стомачните вежби, само се фокусираат на флексијата и испуштаат многу аспекти од градењето на централниот дел на телото и на неговата стабилност. Оваа мешавина на неконвенционални, но ефикасни вежби, ќе ви ги зајакнат стомачните мускули и мускулите на грбот од сите агли со антиекстензија, антиротација и антифлексични движења.

Секоја вежба правете ја по 40 секудни, потоа одморајте по 20 секунди. Тоа е еден круг. Направете од 3 до 5 круга.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина