Оваа рутина фитнес тренерите ја нарекуваат ,,метаболички фишер,, и во последниве неколку месеци стана многу популарна. Накусо, тоа се супер-брзи и интензивни движења кои се прават на крај од тренингот. Осмислени се да го забрзаат губењето на телесната тежина, метаболизмот и да ја зголемат генералната кондиција на вашето тело за само неколку минути.

Оваа специфична комбинација е одлична за нозете и задникот: брзи и експлозивни исчекори ќе го забрзаат работењето на срцето и ќе доведат до тоа да ви гори предната ложа, со јакнење на генералната сила и согорување на калориите; Малата пауза за време на сумо-чучнувањата ќе ги ,,впрегнат,, мускулите во долната половина, создавајќи ја потребната сила која ви е потребна за да се кренете кон горе – што ја гради силата.

Оваа рутина практикувајте ја крајот од секој тренинг, се со цел да го зголемите градењето на мускулите и да согорите што повеќе масти. Поради тоа што за вежбава ќе ви требаат само неколку минути, целта е постепено да го зголемувате интензитетот – колку повеќе повторувања можете да направите, без пауза, толку подобро. Логично, колку повеќе ќе јакнете, толку повеќе повторувања ќе успеете да направите за време на еден тренинг.

Прва вежба: скок-исчекор

 

skok-iscekor1

 

Започнете со класичен исчекор: Едната нога треба да биде пред вас, свиткана во коленото, другата одзади, исто така свиткана. Наместо на обичен начин да минувате во почетен став и да ја менувате ногата, потребно е само да скокнете и да направите замена.

Вежбата правете ја без пауза 20 секунди.

Втора вежба: само клекнување

 

kleknuvanja11

 

Исправете го грбот и раширете ги нозете малку повеќе од ширина на рамењата. Стапалата треба да бидат свртени малку кон нанадвор. Со исправен грб почнете полека да се спуштате кон долу, во колку што може подлабоко клекнување и задржете се тука 2-3 секунди. Вратете се во почетната положба.

Вежбата правете ја 40 секунди.

Траење на вежбите:

И двете вежби правете ги наизменично помеѓу 3 и 5 минути, без пауза. Затегнете ги нозете, изградете мускули и уживајте во своето секси тело.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина