Премногу алкохол може да доведе до состојба да не можете да дојдете до ерекција или да ја задржите. Погледнете во продолжение кои се проблеми можат да се појават со вашиот пенис и како да се ослободите од нив.

1.Може да се скрши

Иако во него нема коски, сепак пенисот може да се скрши. Тоа најчесто се случува при погруб сексуален однос.

2.Не функционира по неколку испиени алкохолни пијалоци
Премногу алкохол може да доведе до тоа да не бидете во состојба да имате ерекција или да ја задржите. Тоа се случува поради затапување на сетилата.

3.Крв во спермата
Се работи за хематоспермија или хемоспермија и најчесто не се работи за карцином. Може да се појави еднаш, да трае некое време, и најчесто поминува само од себе. Ако не престанува, се препорачува посета на доктор. Најчеста причина за тоа инфекциите или воспаление на простатата.

4. Сини тестиси
Технички гледано, не се работи за никаков проблем со пенисот, но се наоѓа во истиот предел. Тогаш во тестисите се јавува болка откако дошло до подолга сексуална стимулација без ејакулација.

5. Се трудите, но не можете да свршите
Тоа често се случува поради премногу мастурбирање. Одредени лекови, како оние против висок крвен притисок, антидепресиви и наркотици исто така можат да играат важна улога. Ако ви се случува ова, обидете се помалку да мастурбирате.

6. Пребрзо свршувате
Предвремена ејакулација значи да свршите во рок од неколку минути по започнување на сексуалниот однос. Кај некои тоа се случува цел живот, а кај некои се појавува во одреден животен период. Стручњаците се уште не знаат поради што доаѓа до оваа појава. Обично се јавува кога се работи за психички проблеми, па колку повеќе се грижите околу тоа, толку е појавата поприсутна. Сепак, постојат лекови кои го забавуваат процесот на ејакулација.

7. Свиткан е и ве боли
Пеирони е болест при која пенисот станува накривен и е поврзан со болни ерекции. Се манифестира најчесто на внатрешната страна и е често последица на некаков вид траума или повреда која не е правилно лекувана, како што е на пример напукнување на пенисот.

 

8. Чешање
Оваа појава се нарекува tinia cruris и се работи за габична инфекција која може да се појави на препоните или на гениталиите. Чешање и црвенило може да има на колковите и на задникот, но можат да се прошират и на гениталиите. Причина за тоа најчесто се топлина и пот. Може да помогне носење на поудобна облека и ставање пудра на болните места.

9. Црвен е и воспален
Може да се работи во овој случај за габична инфекција. Меѓу најризичните спаѓаат дебелите мажи, дијабетичарите, оние кои пијат антибиотици или оние кои не употребувале кондоми. Почесто се јавуваат кај мажи со необрежани пениси.

10. Разни воспаленија на пенисот
Најверојатно се работи за баланитис. Под овој термин се подразбираат разни воспаленија на пенисот, чија причина се габичните инфекции и други полово преносливи болести, но исто така може да биде предизвикан и од лоша хигиена или иритација на кожата.

11. Исцедок од пенисот
Доколку забележите исцедок, веднаш јавете се на доктор. Тоа може да биде знак за гонореја или хламидија, кои се полно преносливи инфекции кои можат да се излекуваат.

12. Брадавици покрај или на пенисот
Тоа се генитални брадавици кои се нарекуваат кондиломи. Поврзани се со некои видови на хуман папилома вирусот (HPV), кој е меѓу најчестите полно преносливи болести. Брадавиците можат да се појават на гениталиите, во устата и во анусот.

13. Проблеми предизвикани од пирсинг на пенисот
Пирсингот на главата од пенисот често предизвикува компликации. Поради тоа што минува низ мокрачниот канал, тој може да создаде фистула на уретерот. Проблемот може да се реши со оперативен зафат.

14. Не може да се ,,здрви,,
Важно е да се знае дека до еректилна дисфункција може да дојде во секоја животна возраст, па затоа не мислете дека сте премлади за овој проблем. Најчеста причина за тоа е од психолошка природа, иако постојат и физички причинители.

15. Топченца на пенисот
Можеби се работи за мали лојни цисти, бенигни грутчиња под кожата. Ако ве загрижуваат, појдете на доктор, посебно тоа направете го ако сте имале незаштитен сексуален однос.

16. Не можете да ја повлечете кожичката или после не можете да ја вратите
Фимоза е кога кожата е претесна и не може да се повлече преку главата на пенисот. Може да биде предизвикана од инфекции или воспаленија. Парафимоза е кога кожичката е преку главата на пенисот, но не може да се врати во нормална положба. Тогаш е потребен итен хируршки зафат, бидејќи може да дојде до застој на протокот на крв во пенисот.

17. Ерекција која не престанува и која е болна

Ако имате болна ерекција која не минува ни откако сте свршиле, тогаш се работи за пријапизма. Тоа може да им се случи на мажите кои зеле ,,нешто,, за потенција, како на пример вијагра. Начелно се работи за проблеми со проток на крвта од пенисот. Во тој случај треба веднаш да побарате помош.

18. Израстоци и други чудни појави на пенисот
Овие израстоци можат да укажуваат на разни здравствени проблеми, но и не мора да претставува ништо. Но, може да се работи и за рак на пенисот. Најчести симптоми се видливи промени на пенисот, како на пример задебелен дел од пенисот, тврди јазли или израстоци и други абнормалности на кожата кои одеднаш се појавиле.

Тагови: пениссекс
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина