Луѓето знаат честопати да кажат дека се во депресија кога се лошо расположени. Овој медицински термин не е секогаш правилно употребен, па поради тоа потешко се препознаваат некои душевни болести.

Што е тоа депресија ?

Оваа болест е толку многу распространета, што некои стручњаци ја споредуваат со епидемија. Ширум светот, повеќе од 350 милиони луѓе страдаат од депресивни нарушувања. Како да се препознае оваа болест? Тоа не е тешко. Симптоми за депресија се:

недостаток надеж за подобрување на животот;

губење интерес за нешто кое претходно носело некакво задоволство;

недостаток на енергија;

нагло слабеење;

нарушување на спиењето;

зголемена раздразливост;

чувство на безвредност или вина без никаква причина;

мисли за смрт или самоубиство;

Зборотдепресијаозначува само општ поим за оваа болест, но не го одредува нејзиниот интензитет или карактер. Но, како и кај секоја болест, тоа е предмет на класификација. Се разликуваат вкупно десет видови на депресија:

1. Голема депресија

За да се постави оваа дијагноза, доволно е да се имаат пет од горенаведените симптоми, кои траат две недели, вклучувајќи депресивно расположение или губење интерес (задоволство).

2. Нарушување на расположението

Нарушувањето на расположението се карактеризира со тешки и повратни појави на температура и неадекватни ситуации. Неконтролиран бес може да биде предизвикан од секој детал, како што е на пример едно скршено стакло. Нападите се јавуваат просечно три (или повеќе) пати неделно во период од година дена.

3. Постојано депресивно нарушување (дистимија)

Показател за овој облик на депресија се смета лошото расположение повеќе денови во период од најмалку две години.

4. Предменструално нарушување (СДА)

Повеќе жени се запознаени со промената на расположението поврзано со природните биолошки процеси. Симптомите на потешкиот облик на СДА се раздразливост, напнатост, стрес, кои се јавуваат за време на менструалниот циклус.

5. Депресија предизвикана од дроги

Злоупотребата на опојни материи и одредени лекови (присутна опасност, како што се кортикостероиди и алфа-интерферон) можат да предизвикаат болести кај луѓето склони на депресија.

6. Депресивно нарушување поради болест

Некои патолошки состојби можат само да предизвикаат синдром, како што е хронична болка или рак.

7. Комбинирано депресивно нарушување

Понекогаш симптомите се во спротивност сокласичнатаслика. На пример, некои од нив покажуваат поголема депресија и се појавуваат на секои две недели. Во случај симптомите да не ги задоволуваат критериумите за целосна дијагноза, треба да му се даде време на докторот за нивно точно дијагностицирање.

8. Неизвесно депресивно нарушување

Ако постојат некои симптоми, но тие не се целосно погодни за било кој од стандардните типови, докторот се уште може да дијагностиицра депресија. Во некои случаи психијатарот не може да одреди зошто критериумите не се појасни. Кажано поинаку, дијагнозата е поставена по одлука на докторот.

9. Биполарна депресија 1. степен

Оваа депресија се карактеризира со болни наизменични промени на расположението. Циклусот на психичка состојба оди од тешки подеми (манија) до тешки падови (депресија). Најчесто, фрекфенцијата на тие бранови се движи во распон од една до две недели. Пациентот често треба да се хоспитализира.

10. Биполарна депресија 2. степен

Симптомите се слични со претходната депресија, со таа разлика што овде се забалежува хипоманија, односно помал степен на манија.

Што да се преземе во поглед на депресивните состојби ?

Карактеристично, овој проблем треба посериозно да се сфати и да се знае дека менталното здравје е исто така важно. Немојте да се борите против нив со ,,народни лекови,, како што е пиењето алкохол на пример. Со тоа само уште повеќе ја влошите состојбата. Итно е потребна посета на доктор.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина