Ова дегенеративно нарушување ги уништува невроните и врските во мозочната кора, поради што доаѓа до губење на мозочната маса. Со напредување на болеста доаѓа до постепено и неповратно губење на помнењето, способноста за говор, свесноста за простор и време, а во некои случаи болниот повеќе не може ни да се грижи сам за себе. Во случај на ова заболување најважно е да се препознае проблемот на време и да се знае кога е вистинскиот момент за посета на доктор. Кои симптоми би можеле да бидат вистинска тревога?

Губење меморија

Еден од најчстите симптоми посебно се манифестира со заборавање на неодамна стекнати информации. Така, може да дојде до заборавање на важни датуми, често прашување за иста информација или непрекината потреба за помош.

Предизвици во планирањето и решавањето на проблемите

Некои луѓе можат да забележат промени во способноситте да развијат и да следат план. Тоа доведува до потешкотии во функционирањето во секојдневието, како што е, на пример, заборавање на важни обврски. Покрај тоа, концентрацијата опаѓа, па тешко се доаѓа до решавање на проблемите.

Познати задачи стануваат проблем

Ако со години сте играле некоја умствена ира и скеогаш сте победувале, а еден ден се најдете во ситуација да не се сеќавате на правилата на кои таа се игра, време е да закажете посета на доктор.

Неснаоѓање во просторот и времето

Алцхајмеровата болест може да доведе и до намалување на способноста за одредување на времето или дури и делот од денот. Посебно е предупредувачки случајот ако се чувствувате збунето поради некоја ситуација која само што се случила.

Видот слабее

Проблемите со сетилото за вид кај некои луѓе може да биде еден од првите симптоми на Алцхајмеровата болест, а се манифестира со потешкотии во читањето, послаба ориентација во просторот и непрепознавање на боите и контрастите.

Проблеми во говорот и пишувањето

Ако сред реченица ја заборавите поентата на она што го кажувате или ако често ви се случува да не можете да се сетите на некој збор, можеби е време да посетите доктор.

Расеаност

На сите нас понекогаш ни се случува од некоја причина да го оставиле далечинскиот управувач на фрижидерот и потоа да поминеме триесет минути барајќи го на места на коишто логично не се наоѓа. Но, ако ова е чест случај, не е исклучено да постои причина за загриженост.

Лоши проценки

Некои од првите симптоми на оваа болест се недостиг на хигиена и лошо ракување со пари.

Откажување

Оној кај кого се развива Алцхајмеровиот синдром ги напуштаат старите навики, хоби, друштвени активности, деловни проекти и спорт. Губат воља да го следат својот омилен спортски тим или да се дружат со поголема група луѓе. Ова е проследено и со еден вид на анкциозност.

Промени на расположението

Алцхајмеровата боелст влијае на расположението и промената на личноста кај болните. Тие стануваат збунети, сомничави, депресивни, исплашени и анкциозни. Чето го менуваат расположението, како на работа така и дома, имаат силна доза на вознемиреност кога ќе излезат од својата безбедна зона.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина