soveti_2

Слабеењето не е лесно – потребна ви е голема посветеност за да ја постигнете целта. Но, не е ни невозможно. Жените кои успеале да ослабнат ја раскажаа приказната за својот успех. Применете некои од нивните совети, можеби и на вас ќе ви помогнат.

1 ) Побарајте помош од професионалци

Кога престанала да слабее, Џенифер Сијера ангажирала професионален тренер за да и помогне да дојде до целта. Оттогаш изгубила 30 килограми.

– Постојат многу луѓе кои би можеле да ви помогнат. Не срамете се да ја побарате нивната помош – вели таа.

2 ) Започнете веднаш

Кога имала 22 години, Британи Хикс изгубила 50 килограми .

– Било која возраст е добра за почеток. А колку порано започнете, толку подобро. Но, повторно, никогаш не е премногу доцна за да започнете да водите здрав живот – раскажува Британи .

3) Правете вежби кои ги сакате

– Многу полесно ќе ви биде да ослабнете, доколку почнете да правите нешто што го сакате . Ако не уживате во тоа, тешко ќе истраете во намерата- вели Јасмин Фарациан, која ослабнала 23 килограми.

4 ) Размислувајте што јадете

– Пред да одам во ресторан, на интернет проверувам каков вид на храна се служи таму. Треба мудро да ги избирате намирниците кои ќе ги внесувате – вели Лариса Регето, која изгубила повеќе од 45 килограми.

5 ) Планирајте однапред

Џен Талман ја стекнала навиката да ги подготвува своите здрави оброци и ужинки во недела, за потоа целата наредна недела да јаде здрава храна. И успеала да изгуби 40 килограми.

6 ) Не одете во продавница гладни

Никогаш не одете во продавница или супермаркет гладни, инаку ќе купите работи кои не се добри за вас.

7 ) Одолејте му на искушението

– На масата ја носам само мојата чинија со храна. Сервираната маса за целото семејство ве тера да јадете повеќе, бидејќи се се наоѓа пред вас – открива Заки Лабиб, успеала да изгуби 47 килограми .

8 ) Зголемето го внесот на протеини

Менди Мартин изгубила повеќе од 20 килограми . Еден од нејзините трикови бил што таа консумирала повеќе протеини за појадок. Според истражувчите, што повеќе протеини внесувате, подолго ќе останете сити.

9 ) Вежби за сила

– Немојте да правите само кардио вежби. Дигајте тегови. Заменете го салото со мускули, така што ќесогорувате повеќе калории – советува Кристал Сандерс.

Таа изгубила 30 килограми, а фитнес експетите тврдат дека вежбањето со дигање тегови може да ви помогне да согорувате до и 40 проценти повеќе масти.

10 ) Одлучете се за ставот ” се или ништо “

Избраничката за мис на Америка – Нина Давалури изгубила тежина од 25 килограми со помош на еден трик.

– Ако отстапувате од планот и не можете да му одолеете на искушението -нездрава храна, тоа е во ред . Јадете поздрава храна за вашиот следен оброк – а не следниот ден , како што многу прават- советува таа.