Самиот збор ,,кундалини,, асоцира на сексуалност, или на животна сила. Таа всушност се прикажува како змија која спие замотана 3 пати (кај жените змијата лежи на отворот од матката). Енергијата кундалини има силен набој на сексуалност, и покрај подобрениот метаболизам и општото здравје на организмот, може без сомнение да ја врати жарта во вашиот љубовен живот. Всушност, огнот на сексуалноста може да се разбуди само ако се придржувате на прецизните начела на оваа прастара јога дисциплина. Сметана за ,,мајка на јогата,, кундалини датира дури пред 5000 година п.н.е., бидејќи се спомнува во првите записи за јогата. Истражувањата укажуваат дека оваа јога (што во превод од санскрит значи ,,единство,,) почнале најпрво да ја практикуваат Египќаните, а потоа оваа пракса била пренесена во Тибет и Индија, каде и што се зачнати најразвиените јога дисциплини. Како што минувале вековите, јогите кои живееле во пештерите и шумите себично ја чувале оваа света тајна и ја пренесувале само на оние ученици кои ги сметале дека вредат да ги знаат овие учења.

Тоа посебно се однесува на кундалини јогата, која се смета за толку многу силна, што учителите мислеле дека е премногу опасна за да ја изведуваат обичните луѓе. Но, токму таа е најдобра за обичните луѓе, луѓето кои практикуваат секс и живеат секојдневен ,,овоземен живот,,. Во 1969 година се појавил јоги учителот Бхајан, кој решил да ја прекрши традицијата и тајната на кундалини да им ја приближи на широките народни маси. Доселувајќи се од Индија, тој почнал да подучува во САД. Многу брзо потоа кундалини се проширила низ целиот свет.

Силата на кундалини

Што е тоа од што учителите толку многу се плашеле? Според Дан Карнас, учител по јога од Лос Анџелес, кундалини јогата се разликува од останатите облици на јога затоа што не бара традиционален однос на гуру-ученик. Како што напредувате низ тренингот, станувате самите свој учител. Вие поседувате моќ. Кундалини учењето е вид на јога која претставува поле на големо ослободување во смисла на лична моќ. Оваа моќ всушност ја користиме за да ја земеме судбината во свои раце. Оној кој е во рамнотежа со својата лична моќ не можете никако да го насочите на погрешен пат.

Најмоќниот аспект на кундалини, кој во исто време е и аспект кој најмногу ги плаши луѓето, е будењето на сексуалната енергија. Тоа е многу непријатна тема меѓу учителите по јога, кои имаат разни мислења во врска со тоа како таа енергија треба да се искористи. Некои предлагаат дека треба да се канализира или да се сублимира, со што се намалува потребата за секс, а се зголемува креативната енергија, која понатаму може да се искорисит за некои други цели. Меѓутоа, многумина се држат до ставот дека сексуалната енергија е всушност манифестирана животна сила, односно крајниот креативен нагон кој не инспирира и анимира. Посебно во општество како што е нашето, каде сексуалноста се сузбива, кундалини претставува чисто освежување, поради тоа што не учи дека сексуалниот порив е нешто поради кое не треба по никоја цена да се ослободуваме. Она од што треба да ослободиме се нашите стари ставови кога се работи за сексот.

Луѓето кои практицираат кундалини имаат развиено еден систем меѓу мозокот телото и духот. Според овој систем, кундалини се наоѓа во рбетот. Енергетските центри, кои се нарекуваат ,,чакри,, се наоѓаат во него и тие се сместени на различни места низ неговата должина и низ нив протекува енергијата хранејќи го целиот организам. Штом еднаш ќе се ослободи, кундалини минува низ секоја чакра, и од зависност од нивната состојба, таа или ќе се заглави во неа или ќе протече до следната. Постојат седум чакри и секоја влијае на одделен орган и телесна функција, како и врз емотивното и духовното искуство на човекот.

 

kundali

 

1. Првата чакра се наоѓа во подножјето на рбетот. Таа ги елиминира отровите и одговорна е за чувството на сигурност. Нерамнотежата во неа води до страв и несигурност кај човекот и обратно носи сила и самодоверба ако постои рамнотежа во неа. Асоцира на црвената боја.
2. Втората чакра се наоѓа помеѓу третиот и четвртиот рбетен пршлен и кај половите органи. Таа ги контролира сексот и репродукцијата. Нерамнотежата во неа доведува до сексуални проблеми. Ако има рамнотежа, имаме инвентивност и урамнотежен сексуален живот. Нејзина боја е портокаловата.
3. Третата чакра е сместена во папокот. Таа го контролира варењето и чувството на идентитет. Ако е неурамнотежена, може да се појави завист и ослабен имунитет. Во спротивно, таа носи добра здравствена состојба и храброст. Боја: жолта.
4. Четвртата чакра се наоѓа во градите. Кога ќе се активира, човек може да доживее вистинска љубов и добрина. Бојата и е зелена.
5. Петтата чакра е сместена во грлото и е поврзана со штитната жлезда. Таа влијае врз моќта на говорот. Оној кај кој е таа рамнотежена зборува искрено и разумно. Нејзина боја е сината.
6. Шестата чакра се наоѓа на челото, малку над веѓите (т.н. трето око). Таа е центар на интуицијата и мудроста. Честото нејзино активирање го зголемува лачењето на хипофизата. Боја: индиго сина.
7. Седмата чакра се наоѓа на врвот на черепот. Кога кундалини енергијата ќе стигне до оваа точка човекот доживува обединување со Бога. Боја: виолетова.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина