1. Консумирате премногу слатко, солено или кафе?

Ако ниту редовниот пилинг, маските и чистењето не помагаат, а кожата и понатаму е полна со акни и митесери, причината можеби се крие во неправилната исхрана. Претераното консумирање шеќер, алкохол, сол и кофеин најпрво се гледаат на лицето. Кофеинот и солта ја сушат кожата, па затоа таа се лупи и е посклона кон создавање на брчки. Алкохолот ја дехидрира кожата и предизвикува воспаленија, поради што таа е склона кон лупење. Слично важи и за шеќерот. Храната која е богата со шеќери го уништува колагенот, ја намалува еластичноста на кожата и го зголемува ризикот од рано настанување на брчки.

2. Го чистите лицето повеќе одошто е потребно

Чистењето на лицето секако дека е неопходно за убава кожа, но не би требало да претерувате, особено доколку имате сува кожа. Претераното чистење ги отстранува природните масла кои и даваат влажност на кожата. Доколку кожата ви е сува и чувствителна, најдобро би било пред спиење да ја исчистите со некој кремаст тоник или оној на база на растителни масла, а наутро само да го измиете лицето со вода. Кожата доволно е да ја исчистите само еднаш дневно со тоник, бидејќи на тој начин ќе ги задржите добрите масла, тврдат дерматолозите.

3. Пилингот кој го имате не ви одговара

Пилинзите би требало да бидат благи за кожата, но доколку предизвикуваат чешање или црвенило тоа значи дека ги отстрануваат природните масла од кожата на лицето, па најдобро би било да ги замените.Пример за вакви пилинзи се оние со поголеми зрнца кои ја иритираат кожата и предизвикуваат воспаленија, па кожата се лупи. Тоа најчесто води до запушување на порите, а не до почиста кожа.

Најдобро би било да се користат нежни пилинзи со микрозрнца или шеќер еднаш до два пати неделно или оние кои се направени на база на млечна киселина и тоа најмногу еднаш неделно.

4. Не ја негувате кожата правилно кога имате бубулици

Жените најчесто претеруваат со стискањето, премногу често ги чистат воспалените подрачја или премногу го допираат лицето, истакнуваат дерматолозите.

Непријатните бубулици најлесно ќе ги отстраните доколку употребувате тоник на база на салицилна киселина со додаток на соја. Салицилната киселина ќе ја поттикне брзата обнова на кожата и ќе ги ублажи воспаленијата. Најдобро е да го користите тоникот навечер, за во текот на ноќта, кожата да има време да се опорави.

Подеднакво делотворен е и бензоил-пероксидот кој ги чисти порите и дејствува антибактериски. Најдобар избор е тоникот со 2,5 процентната концентрација на бензоил-пероксид.

koza_1

5. Премалку спиете

Помалку од седум часа сон ја прават кожата безживотна, а брчките повидливи од вообичаено. Кожата може да се опорави од повремени бессони ноќи, посебно доколку сте млади, но со текот на годините, процесот на обнова се забавува. Запалениот ТВ екран го намалува нивото на мелатонин, хормонот кој го регулира внатрешниот часовник. Тоа ја забавува обновата на клетките на кожата и предизвикува настанување на брчки. Во случај на несоница, помагаат топлата купка или тушот кои го смируваат телото.

6. Не ви одговараат условите во кои спиете

Освен самиот сон, важно е и на што спиете. Се што имате на лицето, перницата го впива- од мастите, мртвите клетки, бактериите и остатоците од крема. Со спиењето, целата нечистотија влегува во вашите пори и ги запушуа, па затоа се препорачува перницата да ја менувате секоја недела. Најдобар избор би биле свилените и сатенските перници бидејќи го спречуваат гужвањето на кожата, а со самото тоа и настанувањето на брчки.

Заедно со вистинскиот избор на постелонина, во зимските месеци треба да повнимавате и на нивото на влажност во спалната соба. Греењето ја суши кожата, па се препорачува да користите освежувач на воздухот.

7.Заштитниот фактор е задолжителен на лето 

Кај нанесувањето на креми за сончање, потребно е добро да ги втриете за што побрзо да се апсорбираат од страна на кожата. При тоа, немојте да ги заборавите на областите околу косата, ушите и вратот. Токму на овие области се повеќе се појавува рак на кожата, предупредуваат дерматолозите. Фактор за сончање треба да биде најмалку 30 за да ја заштитите вашата кожа, но можете да користите и крем или пудра со заштитен фактор. За да се спречи настанувањето на брчки, заштитниот фактор треба да се нанесува во текот на целата година на лицето и вратот.

8. Проверете ги вашите младежи 

Младежите би требало да ги проверувате барем еднаш годишно, а ако забележите и најмали промени во бојата или формата, веднаш консултирајте се со дерматолог. Особено, треба да се обрне внимание на областите помеѓу прстите, под градите, на вратот, ушите, носот и очните капаци.

9. Не ја вадите шминката пред спиење

Ако не ја извадите шминката пред спиење, ќе го поттикнете запушувањето на порите, иритација на кожата и очите, па дури и воспаление на кожата. Во ситуации кога немате време за тоа, кога на пример ќе се вратите уморни од ноќното излегување, секогаш на ноќното ормарче покрај вас имајте влажни марамчиња за отстранување на шминка. Со нив, лесно и со неколку потега ќе ја отстраните шминката, а најдобар избор се оние без алкохол и мириси бидејќи не ја исушуваат и надразнуваат кожата.

10. Пушите

Пушењето ја прави кожата жолтеникава и ја намалува нејзината еластичност,бидејќи го намалува колагенот. Сепак, добрата вест е дека лицето се поправа само две недели по престанувањето на пушењето, истакнуваат лекарите. Се подобрува структурата на кожата, а се враќа и нејзиниот природен сјај.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.