Иако содата бикарбона воглавно се користи за чистење на шпорети или за отстранување непријатни мириси во кујната, честопати забораваме дека нејзината намена е многу поширока и дека можеме да ја употребиме за сопствена нега. Во продолжение ви претставуваме начините на кои можете да ја користите.

Миење раце

Понекогаш антибактериските сапуни не можат да ја отстранат сета нечистотија или мрснотија од нашите раце. Но, ако во водата ставите малку сода бикарбона и со таа смеса ги протриете рацете, ќе го решите овој проблем.

Шампон за суво миење

Ако одеднаш сте останале без шампон за суво миење на коса, содата бикарбоната може да ви помогне. Нанесете ја на коренот од косата и втријте за да ја впие прекумерната мрснотија.

Природен дезодоранс

Ако трагате по природен дезодоранс без додаден алуминиум, можете да употребите сода бикарбона. Можете да ја помешате со вода или да испробате некои рецепти со додавање есенцијални масла.

Избелувач на заби

Смеса од сода бикарбона и малку вода можат да ги отстранат сите дамки од кафе, црно вино или цигари. Помешана со малку хидроген пероксид, оваа мешавина ќе се однесува како избелувач и ќе ви ги заштеди парите од одењето на стоматолог.

Пилинг за кожа

Абразивните честички во сода бикарбоната ја прават идеален за ексфолијација на кожата. Можете да ја додадете во својот редовен пилинг за кожа или да направите своја смеса со вода.

Избелувач на нокти

Ако сакате често да ги менувате лаковите за нокти, тогаш сигурно жолтилото кое тие го оставаат зад себе не ви е непознато. За да ги избелите ноктите, употребете мешавина од сода бикарбона и хидроген пероксид. Нанесете ја на ноктите со четкичка за заби, оставете да делува две – три минути и потоа измијте ја.

Отстранување на лосион за самопотемнување

Ако имате дамки од неправилно нанаесување на лосион за самопотемнување, можете истите да ги отстраните многу лесно со мешавина направена од сода бикарбона и лимонов сок.

Чистење на четкичките за шминка

Иако поголем број од нас користат сапун и масло за чистење на своите четкички за шминкање, и сода бикарбоната исто така може да биде многу ефикасна. Неколку лажички сода бикарбона се раствораат во топла вода и оваа мешавина ќе ги отстрани сите остатоци од шминка од нив. Оваа мешавина е добра и за чистење на четкички за заби, чешли и четки.

Освежувач на здив

Храната која во себе содржи шеќер и киселини може да ја наруши pH рамнотежата во устата и да доведе до лош здив. Правењето гаргара со оваа мешавина ќе ги отстрани непријатните мириси и ќе придонесе за сеопшто здравје во усната шуплина.

Мазна кожа

Не се работи за урбана легенда – сода бикарбоната навистина ја смирува зацрвенетата кожа и ги отстранува чешањето и изгорениците. Измешајте ја со својата редовна купка поради подобар ефект.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина