За добро здравје и успешен тренинг потребнно е да бидете запознати и со одредени фитнес правила. Вашиот фитнес режим треба да се состои од правилна исхрана, вежбање и одмор.

 

Ова се 10 златни фитнес правила.

 

Загревање

 

Тренингот секогаш започнувајте го со загревање. Тоа ќе ви помогне да се загреете и да одбегнете евентуални повреди.

 

Испотете се

 

Без разлика колку тешки тегови кревате, ако сакате да останете во форма, секогаш треба да правите и кардио вежби.

 

Распределете го своето време

 

Ништо нема да постигнете ако еден ден вежбате по 10 часа, па во следните шест дена не вежбате воопшто. Но, ако секој ден вежбате по еден час, резултатите набрзо ќе бидат видливи.

 

Јадете здрава храна

 

Најдоброт начин да останете фит е да јадете малку помалку отколку што можете и да вежбате малку повеќе околку што сакате.

 

Пијте многу вода

 

Хидратацијата на телото е основната работа важна за време на вежбањето.

 

Тонирајте ги мускулите

 

Финтесот е нецелосен ако мускулите ви се слаби. Покрај кардио вежби, редовно вежбајте и со тегови.

 

Дишете длабоко

 

Додека вежбате, или дури и кога работие по дома секојдневни домашни работи, дишете длабоко.

 

Избалансирана исхрана

 

Повеќето луѓе сметаат дека исхраната богата со протеини е единствениот начин за да се биде фит. На вашето тело му се потребни сите хранливи состојки, па затоа исхраната треба да се состои од јагленохидрати, протеини, витамини и минерали.

 

Одморете се

 

Ако сакате витка линија, неопходно е 6-8 часа одмор дневно.

Променете ги лошите навики

 

Ако легнувате во два часот наутро и се будите на пладне, сигурно нема да бидете фит. Искоренете ги лошите навики, бидејќи тоа е клуч за успехот.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина