Сакале или не жените, со тек на годините гравитацијата си го прави своето, а на неа посебно се чувствителни големите гради. Сепак, постојат начини како да ги подигнете по природен пат. Се работи за посебен вид на јога вежби кои ги затегнуваат мускулите на градите, па со тек на време тие се подигаат, можеби не до онаа висина на која биле во младоста, но сепак има добри резултати.

Се изведуваат неколку видови вежби:

  • 1. Воин – oстанете во таа поза 30 до 60 секунди. Тогаш повторете се, но на другата страна.
  • 2. Триаголник – останете така 20 до 30 секунди, па направете го истото и на другата страна од телото.
  • 3. Кобра – легнете на стомак и подигнете се со рацете како во видеото. Внимавајте притоа лактите да бидат во назначената висина. Останете во таа положба 20 до 30 секунди. Повторете ја оваа вежба три пати.
  • 4. Камила – клекнете, исправете го грбот, а дланките поставете ги на стапалата. Останете во оваа положба 30 секунди.
  • 5. Лак – легнете на стомак и со рацете фатете се за глуждовите. Издржете така 30 секунди.
  • 6. Тркало – направете мост и свиткајте се колку што можете најмногу, па останете во таа положба 30 секунди.
  • 7. Стој на глава – ова не е лесно, па затоа за почеток потпрете се со нозете на ѕид. Стој на глава трае од 30 секунди до две минути.

 

Yoga for a firm bust

These exercises will make your upper body outright gorgeous. 😉goo.gl/XtdLYi

Posted by Bright Side on Thursday, March 2, 2017

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина