Сексот е добар во кој било период од денот или ноќта, но сепак утринскиот секс е најдоброто нешто. Можеби баш тој период од денот не изгледате баш најдобро, целите сте разбушавени и поспани, но ако дозволите тоа да ве попречи, само ќе го пропуштите најдобриот секс кој кога било сте го имале. Еве и зошто.

 

Веќе сте расположени

Подготвени сте штом ги отворите очите. Можеби се чувствате и повеќе секси доколку сте голи под прекривачот или штотуку сте имале многу добар сон. Која и да е причината, веќе сте подготвени заедно со првите сончеви зраци.

 

Денот започнува подобро

Зарем постои подобар начин од тоа денот да се започне со секс! Не ли звучи тоа преубаво? Ако утрото ви започне со оргазам, тешко дека подоцна во текот на денот некој ќе може да ви го расипе расположението.

 

Веќе сте голи

Една од најдобрите причини за утрински секс е тоа што веќе сте голи. Нема мачење околу соблекување на прслукот или панталоните или загриженост при изборот на секси долна облека или шминка. Не! Веќе сте голи покрај својот/својата парнер/партнерка во креветот. Тој/таа веќе е ваш.

 

Туширање после секс

Уште една добра работа кај утринскиот секс е тоа што се уште не се се истуширале. Покрај тоа, одличное чувството да се туширате по секс (заедно или одделно). Ќе се чувствувате побудни и поживи за да го прифатите претстојниот ден.

 

 

Поопуштени сте во кревет

По добриот сон, будењето покрај голото тело на вашиот/вашата партнер/партнерка е одлично нешто. И чувството е неверојанто. Одморни сте и нема траги од стрес од работното место. Не се имате карано и никаде не доцните. Уживајте во тоа!

 

Поопуштени сте во текот на целиот ден

Полесно ќе ги прифатите предизвиците кои ви ги наметнува животот и не постои ништо што може да ви го уништи денот кој започнува со исфрлање на сета нервоза од себе. Сета таа натрупана негативна енергија си заминува и ве исполнува задоволство, кое трае преку целиот ден.

 

Нема непријатна тишина

Ако имате секс со некого кого релативно неодамна сте го запознале, не посоти непријатна тишина после сексот. Сексот завршува, будни сте во креветот… и не знаете што да правите,да се прегрнувате или да се свртите на својата страна од креветот… Вакви грижи нема кај утринскиот секс. Утро е и денот започнува, си имате и двајцата обврски, така што нема место за непријатна тишина.

 

Посилен оргазам

Верувале или не, оргазмот е посилен при утринскиот секс. Звучи можеби чудно, но се уште сте поспани и мозокот не функционира во целост, исот како и сетилата кои по малку се запасни. Оргазмот е посилен, бидејќи ќе ве разбуди, исто како и сите ваши сетила.

 

Одличен изговор за прескокнување на теретана

Треба да вежбате, но ве мрзи да се влечете до теретаната? Сексот е совршено решение. Дали знаете колку само калории се трошат со сексот? Многу! И тоа само при мисионерската поза. А, замислете си колку само калории ќе се потрошат со менување на позите. Исто така, се истегнуваат и мускулите. Ќе чувствувате како телото ви гори, без да минете ниту еден час на лентата за трчање или при дигање тегови.

 

Тагови: љубовсекс
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина