Јогата заедно со медитацијата е една од најдобрите дисиплини за опуштање на умот и телото, но воедно и за борење против целулитот. Истражувањето на Универзитетот Харварда докажало дека вежбањето јога е најефикасен начин за подобрување на протокот на лимфата, како и за елиминирање на токсините од телото. Меѓу многубројните положби кои се одлични за истегнување и јакнење на телото, постои една асана која се смета за најдобра за уништување на целулитот. Станува збор за положбата орел.

 

Оваа положба е одлична за подобрување на рамнотежата, истегнување на рамењата, горниот дел на грбот и страничниот дел на колковите, а се изведува многу едноставно.

 

Стапалата се поставени едно до друго. Од исправена положба, малку свиткајте ги колената и префрлете го десното натколено преку левото, па десното стапало поставете го зад левото потколено. Потоа испружете ги двете раце, десната поставувајќи ја под левата. Свиткајте ги дланките. Задржете се во оваа положба 30 секунди.

 

За видливи резултати, положбата орел треба да се практикува секој ден, или барем три пати неделно, околу 20 минути.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина