Состојки:

6 филџани пченично интегрално брашно

2 филџани интегрално брашно од хељда

1/2 лажичка нерафинирана морска сол

1 лажичка коријандер во зрно (може и ким)

Подготовка:

Измешајте ги двата вида брашно. Додајте ги во нив солта и коријандерот и малку млака вода и замесите тесто. Месет го тестото 10 минути (тестото треба да биде меко, како за погача, но доволно цврсто да може да се обликува.). Оставете го покриено на топло место, во сад намачкан со масло, да отстои околу 12 часа. По 12 часа, тестото само ќе биде нарастено, без квасец, и ќе има пријатен, киселкаст вкус. Од садот префрлете го на намастено, врело тавче и развлечете го за да се добие дебела погача. Ставете го плехот во претходно загреана рерн, на 180 – 200 степени, и печете го на тивок оган.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина