Никогаш повеќе никому не му дозволувајте да ве засрами затоа што сте испуштиле гас. Оваа физиолошка потреба им става на луѓето до знаење дека изеле храна која не им одговара или дека можеби имаат алергија. Истражувањата покажале дека луѓето, во просек, испуштаат гасови дури 14 пати дневно. А, секој гас се состои од:

 

  • 59% азот
  • 21% водород
  • 9 % јаглерод диоксид
  • 7 % метан
  • 4 % кислород
  • 1 % водород сулфид

 

Ова се седумте причини зошто е добро да се испуштаат гасови:

 

Ја намалува надуеноста

 

Дали некогаш после оброкот сте се чувствувале како да сте бремени? А потоа неколку пати сте испуштиле гасови и ви исчезнала целата надуеност? Процесот на дигестија создава многу гасови во телото, кои ги надувуваат луѓето, па затоа кога ќе ги испуштите се чувствувате послаби.

 

Избалансирана исхрана

 

Секој би требало да тежнее кон исхрана која се состои од поголемо консумирање јагленохидрати и намирници со помал уддел на маснотии. Луѓето воглавно испуштаат гасови кога ќе изедат некоја намирница која не им одговара, на пример кога ќе изедат црвено месо, тогаш гасовите се исклучително смрдливи.

 

Во случај луѓето да јадат мешунки, можеби ќе испуштаат повеќе ветрови, но тие нема да мирисаат. Оние кои се ,,во склад,, со своите ветрови, можат според нив да препознаат која храна им одговара и која не и да ја прилагодат исхраната според потребите на своето тело.

 

Болки во стомакот

 

Луѓето често имаат болки во стомакот. Испуштањето ветрови може значително да ги намали. Оние кои имаат чувство на болка која прободува во делот на стомакот, најверојатно имаат проблем со заостанатите гасови по дигестијата на храната. Стручњаците советуваат дека во оваа ситуација е најдобро да се легне на грб и лесно да се масира стомакот во насока на стрелките од часовникот, започнувајќи од папокот, со кружно масирање кон нанадвор.

 

Ги штити цревата

 

Докторите ги предупредуваат пациентите кои имаат проблеми со цревата да не ги задржуваат гасовите. Всушност, никој не треба да го прави тоа, бидејќи задржувањето гасови поттикнува воспаленија и може да предизвика воспаление на хемороидите.

 

Вдишување гасови

 

Луѓето треба длабоко да го вдишат испуштениот гас. Реално, на повеќето луѓе не им пречат нивните гасови, а тоа е затоа поради тоа што телото го препознава својот мирис. Водород сулфидот од гасовите ги јакне митохондриите, што ги прави луѓето помалку чувствителни на бoлестите на срце, артритис, мозочни удари и уште многу други.

 

Алергии на храна

 

Гасовите се еден од начините на кој телото комуницира. Оние кои имаат недијагностицирана целијакија или интолеранција на лактоза ќе испуштаат многу повеќе гасови по јадењето храна на која се алергични.

 

Човек подобро се чувствува

 

Задржувањето на гасовите може да ги потенцира болките, непријатноста, надуеноста и многу други лоши чувства, па испуштањето гасови всушност му годи на телото, бидејќи може да продолжи нормално да работи. Луѓето кои мислат дека испуштаат премногу гасови би требале повеќе да вежбаат, да одбегнуваат вештачки засладувачи и побавно да јадат.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина