Воспалението на мочниот меур најчесто е предизвикано од бактеријата E. coli и од други ентеробактерии. Бактериите кои се пренесуваат по сексуален пат, како што се кламидијата и микоплзамата, можат да предизвикаат воспаление на мокрачната цевка и воспаление на репродуктивните органи и со тоа да го отежнат или оневозможат зачнувањето. Поради тоа е многу важно да се препознаат симптомите на воспелн мочeн меур и на мокрачната цевка и да се реагира на време, пред воспалението да стане хронично.

Воспалението на мокрачниот меур, позната уште и како инфекција на долниот уринарен тракт, може да ги погоди обата пола, иако жените се повеќе склони на овој здравстве проблем кој знае да биде и тоа како упорен, поради тоа што имаат покуса мокрачна цевка и така бактериите послено стигаат до меурот. Кај жените исто така уретрата е сместена блиску до анусот, што значи дека бактериите мораат да поминат покус пат за да стигнат до мочниот меур. Во повеќето случаи воспалението на мокрачниот меур се појавува ненадејно и трае кратко (акутно воспаление на меурот), но понекогаш може да се задржи и подолго време (хронично воспаление на меурот). Раното третирање на воспалението е клучно за превенција на ширењето на инфекцијата. Во нормални околности, бактеријата која го предизвикува воспалението на мочниот меур, со уринирањето ќе се отстрани од телото. Во некои случаи, бактеријата може да се прицврсти за ѕидовите на меурот и брзо да се размножи. Тоа ја оневозможува способноста на телото да ги уништи, а тоа резултира со воспаление на меурот. Во повеќето случаи воспалението на меурот е предизвикано од бактеријата E. coli, која е природно присутна во дебелото црево. До воспалението доаѓа ако бактериите се намножат во телото или ако не се исфрлат од телото со мокрење.

Ова се некои од факторите кои можат да го зголемат ризикот за воспаление на меурот кај жените и мажите:

Недоволно внесување течности

До воспаление на меурот може да дојде ако болниот пие многу малку течности, посебно во летните месеци, за време на греење или кога има почетни симптоми на воспаление на меурот.

 

Хируршки зафат во подрачјето на уретрата

Воспалението на меурот е пред се поврзано со уринарен катетер по зафат на мокрачната цевка или при директно венсување на бактерии при зафатот.
задржување на урината, односно отежнато празнење на меурот
Ако пациентите не го празнат меурот во целост, полесно доаѓа до воспаление, кое потешко се лекува.
зголемена простата
Ако мажот потешко мокри и последично на тоа му останува урина во меурот, тоа може да биде причина за полесен почеток на воспаление на меурот и потешко лекување на истата.

 

Инконтиненција

Ако пациентот поради инконтиненција носи пелени или влошки, тоа е многу погодно за настанок на инфицирање локално, а потоа и во меурот.

Симптомите на воспаление на меурот варираат зависно од тоа колку инфекцијата е сериозна. Во секој случај, веднаш се забележливи промени во текот на мокрењето, а како напредува се повеќе воспалението, се појавува и болка. Не смеат да се негираат следниве симптоми:

  • Матна урина.
  • Мокрите почесто од вообичаено.
  • Урината има непријатна миризба.
  • Болка или чувство на пецкање за време на мокрењето.
  • Постојано чувство на притисок во меурот.
  • Грчеви или притисок во долниот дел од абдоменот или во делот на грбот.
  • Висока температура со силна болка во пределот на бубрезите. Воспалението на мочниот меур може да се прошири и на бубрезите. Во тој случај ќе имате висока температура со силна болка во пределот на бубрезите, посебно при удар во тој дел.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина