Прекумерното потење или хиперхидроза е болест од која страда околу 3 проценти од возрасната популација, а за да се решите од оваа мака, неопходна е терапија која ќе ја одреди лекарот. Ова заболување може да биде од примарен тип, а причината за неговото појавување е непозната, како и секундарен тип, кој обично настанува после некоја друга болест или пореметување. Примарната хиперхидроза вообичаено типично се јавува на дланките, табаните, во пазушниот предел, но и на челото и на кожата ана целата горна усна. До влошување на состојбата доаѓа кога личноста е под стрес и после силни емоции.

potenje_naslovna

Медицинските експерти тврдат дека на овие болни животот воопшто не им е лесен, имаат голем проблем, отежната им е комуникацијата и многубројни други секојдневни активности.

Другиот тип на прекумерно потење е секундарната хиперхидроза за која е можно да се одреди причината за негово настанување.

Ова настанува или после некое генетско пореметување, инфекции (туберколоза, маларија..) или некоја ендокринолошка болест, меѓутоа и од алкохолизам, употреба на некои лекови, понекогаш и во бременоста. Според лекарите зголеменото потење може да биде предизвикано и од одредена храна (зачини, цитрусно овошје).

Според нив, прво е неопходно правилно да се постави дијагноза.

Доколку секундарната хиперхидроза е предизвикана од некоја друга болест, лечењето на основната болест довела до излачување и на прекумерното потење. Во случајот на примарната хиперхидроза, лечењето е симптоматско, а со самото тоа и покомплицирано.

Кога е во прашање лечењто на примарна хиперхидроза, постојат неколку можности – лечење со соли на алуминиум, 20-минутна јонофереза (насочување на електролитите со помош на галвански струи) два до три пати неделно, антихолинергиски лекови и блокатори на адренергични рецептори.

Според лекарите инекциите од ботулински токсини тип А се ефикасни за решавање на прекумерното потење во пределот на пазувите и дланките, а ефектот трае сигурно 6 месеци, а кај некои и до 12 месеци.

Колку пот е нормално?

Кога расте температурата на организмот, телото се поти, потта испарува и на тој начин го лади телото. Водата е основната состојка на потта. Здравиот човек може да произведе околу пола литар пот на час, а спортистите и три до четири литри на час! Потењето е рефлексна функција која е примарно контролирана од симпатичкиот нервен систем, што значи дека е неволна.

Што да се избегнува?

Храната и пијалоците кои се препорачуваат да се избегнуваат се кафе, чај, газирани пијалоци, чоколади, зачинета и врела храна, алкохол и друго.

Тагови: потење
Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.