Постојат различни ситуации во живото на жената кога се случува изостанување на менструацијата. Иако најчесто првата помисла е дека менструацијата изостанала поради бременост, тоа и не мора да биде единствената причина. Ова се причините кои можат да ја одложат менструацијата или да предизвикаат нејзиното изостанување.

1. Нагла промена на тежината

 

Изостанувањето на менструацијата може да следи доколку нагло загубите килограми. Слабеењето треба да биде постапно и контролирано за да не се наруши рамнотежата во организмот и за да се спречи ефектот бумеранг. Со наглото губење на килограмите, може да се наруши и циклусот и да дојде до изостанување на менструацијата.

 

2. Екстремно вежбање

Високиот интензитет на вежбање може да биде уште една од причините за изостанување на менструацијата. Тоа е природен одбранбен систем на организмот кој го спречува забременувањето кога е телото под силен напор и стрес.

3. Стрес

 

Токму стресот е еден од најчестите причини за нарушување на редовниот циклус.

4. Хормонска терапија

Користењето на контрацептивни пилули може да доведе до нус-појави, како што е изостанувањето на менструацијата. За време на консумирање на хормонските таблети, женското тело ,,испушта,, лажна менструација. Не постои причина за загриженост ако контрацептивните средства, како што се таблети, инјекции или спирала се користат под контролирани услови и под надзор од доктор.

 

5. Прерана менопауза

 

Ситуациите во кои жени помлади од четириесет години имаат проблеми со хормонска урамнотеженост, можат како последица да имаат прерана менопауза. Ќе препознаете дека се работи за тоа ако изостанокот на менструацијата е проследен со валунзи, ноќно потење и сувост на вагината.

6. Полицистични јајчници

 

Изостанокот и доцнењето на менструацијата можат да бидат поврзани и со болести, како што се полицистични јајчници или целијакија.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина