Доколку се занимавате сериозно со бодибилдинг и се натпреварувате, веројатно користите и суплементи, чиј избор на современиот ,,гладијаторски,, пазар е огромен. Ако веќе почнувате и веќе сте маѓепсани од културата на градење на мускулите, па сакате работата да ви оди побрзо и да имате воочливи резултати, ќе посакате да користите суплементи. Тоа и онака сите го прават, па сигурно нема да користите ништо штетно?

Држете се до здравиот разум, без разлика на полетот кој го чувствувате во теретана. За резултати треба време, а вам ви е потребно да ги одредите своите цели дали сакате да станете натпреварувач, да ослабнете и постигнете форма која ќе ја оддржувате, да развиете мускули за поубаво да изгледате или да се чувствувате поубаво? Прво смислете што точно сакате да постигнете со вежбањето, па потоа размислите за тоа дали ви се потребни суплементите. Хемијата е хемија, суплементот е лек, кој може да има и лоши ефекти, па пред употреба потребно е советување со доктор, тренер или нутриционист никако не земајте суплементи на своја рака.

Еден од овие суплементи е NO (nitric oxide) суплементите. Тој има инстант дејство, ги пумпа мускулите, ја зголемува издржливоста, чувството на сила и го намалува заморот при вежбањето, поради што е омилен меѓу спортистите. Делува така што го забрзува протокот на крв и мускулите во мускулите и постигнува поефикасна распределеност на хранливите состојки. Во исто време, ги шири крвните садови и го намалува крвниот притисок. На пазарот, има многу производи со nitric oxide. Сите се земаат дваесеттина или четириесет минути пред вежбањето и се наменети за брзо постигнување на ,,напумпани,, мускули, подобра искористеност на гликозата, брзо закрепнување по тренинг и за подобро изразување на експлозивните напори. Меѓутоа, одделните реакции се разликуваат, па она што сосем одговара за вашиот колега во теретана, можеби нема воопшто да има исто дејство врз вас. На еден вежбач помала доза од препаратот може да му предизвика нуспојави, како што се главоболки и забрзана работа на срцето, додека на другиот и двојна доза не може никако да му штети. Фактот дека постојат нуспојави би требало да ви ја поттикне вашата внимателност.

Исто така, можно е и предозирање со NO суплементиите, кои можат да доведат до мачнини, слабост, болки во стомакот, дијареа, надуеност и отежнато дишење. Бидејќи го намалува притисокот, не им се препорачува на оние кои имаат низок притисок, ни кај оние кои имаат проблеми со црниот дроб и бубрезите. Кога азот диоксидот е подолго време на високо ниво во организмот, може да дојде до пад на имунитетот, хроничен замор, зголемени воспалителни процеси, неурамнотеженост на електролитите, односно, до превисоко ниво на минералите калиум, натриум, фосфати и друго. Поради тоа, NO суплементите се земаат контролирано и во циклуси.

Искуствата со употребата на NO суплементите се индивидуални, иако голем број ги преферираат, поради ефикасноста извлекување максимум од тренингот, било да се работи за вежбање во теретана или фитнес.

Сериозните вежбачи често се одлучуваат за оние NO суплементи кои содржат резервоар на хранливи материи, кои на мускулите им ги даваат сите потребни состојки, но не и ефектот на пумпање и чувство на експлозивна сила. Како и сите други суплементи, NO суплементите се комбинираат, а паралелно со нивната примена неопходна е избалансирана исхрана.

Сепак, обратете внимание на советите на стручњаците, но и на специфичните реакции и потреби на својот организам.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина