Протеините се најважни кога се работи за градење на мускулите. И јагленохидратите и мастите исто така играат голема игра, но ако сакате да видите резултати од вежбањето во теретаната, вносот на протеини мора да биде правилен. Протеините не влијаа на масата и тоа е голема заблуда. Голем број луѓе мислат дека ќе ја зголемат телесната маса со помош на протеините, но тоа не е баш така. Протеините се главна хранлива состојка на мускулите и се најодговорни за нивен раст и закрепнување. Поради тоа протеините се неверојатно важни кога се работи за тренинг и треба да бидат составен дел од исхраната.

Еве што е се потребно да се знае ако сакаме да пиеме протеини:

Протеините не се штетни како што мислат многумина

Често протеините се мешаат со стероиди и со други опасни супстанции, што е сосема погрешно. Хемиските протеини во прав се добиени од природни деривати, како што се сурутка, млеко и слично. Тие се додаток во исхраната и тоа е главното нешто кое мора да се запомни. Протеините не можат да го заменат оброкот. Тоа е многу важно да се запомни и во никој случај не смеете да ги користите за таа цел.

Иста количина протеини може да се внесе и преку храната, но тоа значи дека мора многу да јадете. Голем број луѓе немаат време за големи оброци поради секојдневната презафатеност, па затоа вносот на прашкасти протеини е многу корисен.

Добро одберете го производителот      

Пред самото купување, добро распрашајте се за видовите и производителите на протеини. Консултирајте се со тренерот и со продавачот, бидејќи тие најдобро ќе ве упатат кој протеин треба да го земете.

Одберете протеин кој ви одговара

Не се сите протеини исти. Во својот состав имаат различни додатоци кои можат, а и не мораат да ви одговараат. Ова исто така мора добро да го испитате и да проверете за да ја пронајдете најдобрата работа.

Колку дози да се пијат дневно?        

Ова зависи исклучиво од вас, но запомнете, не смеете да претерувате. Преголемиот внос на протеини може да делува многу лошо врз организмот, па затоа морате да водите сметка. Стандардната мерка е околу 23 мерици дневно. Обично се пие по една мерица дневно наутро, една или две мерки по тренинг и една пред спиење. Најдобро е и околу ова да се посоветувате со тренерот, бидејќи тој најдобро ќе знае колку на вашето тело ќе му бидат потребни протеини.

Со што да ги комбинирате протеините

Протеините најчесто се мешаат со млеко или вода. Мислењата се поделени кога се работи за мешање, бидејќи некои сметаат дека е подобро со вода, додека други се за млечна опција.

Со што да се мешаат протеините

Протеинот можете да го мешате со лажица, но за тоа ќе ви треба многу време и сигурно ќе имате грутчиња во напивката. Најдобро е да користите шејкер, кој е наменет за такви нешта. Со помош на шејкер најдобро ќе успеете да направите протеински напиток.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина