Најголемиот орган на нашето тело е кожата, која не штити и од надворешниот свет, но и од нас самите, бидејќи безгрешно сигнализира кога во организмот не е се како што треба.

Ако случајно забележите збунувачка црвена точка на кожата, не грижете се, туку откријте зошто се појавила и како д го спречите нејзиното ширење. Се работи за ангиом, мал бениген тумор, односно за бенигна васкуларна лезија која може да се појави или како рамна дамка или како куполеста папула со црвена боја, или во различни бои на црвена.

 

Ангиомот настанува со растење на крвните жили кои се здружуваат и создаваат црвенкасти творби, најчесто по трупот. Се смета дека покрај генетиката важна улога и женските хормони кај жените, иако ангиоми се појавуваат и кај мажите.

 

Најчесто се работи за повеќе ангиоми, додека одделни поретко се појавуваат. Немаат никкаво влијание врз здравјето, освен што го нарушуваат естетскиот изглед.

Видови ангиоми

 

1. „Spider ангиомили пајаковидни васкуларни малформации можат да се јават на секоја возраст на лицето, на долниот капак, на образите, на врвот од ност и на подлактиците.

2. „Cherry ангиомсе појавува по 20-та година од животот и бројот имсе зголемува со стареењтео. Се јавува на трупот, грбот, на дојките, на рацете и на нозете.

3. „Venous lake“ е вид малформација на крвен сад кој се јавува на слузницата, често на усните и е со синкаста боја.

4. Хемангиомите на детска возраст можат да бидат присутни од раѓање или се јавуваат кратко по раѓањето.

 

Постојат две причини зошто се јавуваат

1. Возраст

 

Многу луѓе добиваат ангиом по 30-та година од животот. По правило, во овој случај тој изгледа како мал мал испапчен младеж налик на цреша и главно се наоѓа на телото, рацете и рамењата. Ваквите ангиоми се предизвикани со едноставни старосни промени на кожата и крвните садови.

2. Здравствени проблеми или погрешен начин на живот

 

Ако ангиомот изгледа како точка, но почнува васкуларно да се шири, може да укажува на на проблеми со црниот дроб, васкуларни болести или хормонски дисбаланс.

 

Ако забележите дека таа црвена точка ги менува големината или обликот или ако почнала да крвари, најдобро е што покоро да се обратите на доктор. Ангиомите обично не се причина за итна посета на болница, но поради сигурност, треба оваа промена да му се спомене на доктор.

 

Лекување – ласерски третман

 

Ласерот е третман на изнор за остранување на ангиоми. На почетокот по третманот настанува помала краста или ангиомот добива црна боја, а потоа по десеттина исчезнува целосно. Третманот е безболен, а чувствителните можат да почуватвуваат мало пецкање. Иако бројот на третмани зависи од бројот на промени, во просек потребнисе 1 до 2 третмана. Третираните ангиоми засекогаш исчезнуваат.

Во текот на животот, можен е настанок на нови промени, кои можат да се третираат без ограничувања.

Како да се спречат

 

Добра идеја е да се погрижите за тоа ангиомите да не се јавуваат во иднина. Најдобра превенција е здравиот начин на живот и избалансираната изхрана. Пијте сокови и многу вода, јадете свежо овошје и зеленчук и не ги заборавајте здравите масти, како што се авокадото и маслиновото масло. Овие едноставни правила ќе ви помогнат да ја задржите кожата чиста и млада, а телото здраво.

Тагови: ангином
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина