Витамините А, Б, Ц, Д, Е, К, железото, калциумот, цинкот, магнезиумот и другите минерали или олиглементи, како што е антиоксидансот селен, се неопходни за човековиот организам.

 

Селенот игра клучна улога во јакнењето на одбранбенот систем, борбата против стареењето, како и во спречувањето на кардиоваскуларните болести и појавата на малигни заболувања, пред се на ракот на простатата и дебелото црево. Неопходен е за и за нормално функционирање на тироидната жлезда и овозможува асимилација на витамините Ц и Е.

 

За жал, човечкиот организам не е во состојба да го произведува овој корисен олиголемент, па треба да се зајакне консумирањето на намириците кои го содржат во себе.

 

На организмот му се потребни 55 милиграми селен дневно, а најмногу го има во рибата и морските плодови, во намирниците богати со протеини, спанаќот, печурките и лукот. Сепак, бразилскиот орев е вистински рудник за овој минерал. Само еден негов плод ја содржи неопходната дневна доза.

 

Тагови: селен
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина