Антибактериската течност за дезинфекција на рацете е на големо достапно средство. Ретко кој покрај себе нема шишенце од овој ,,борец,, против бактерии. Веројатно мислите дека ова е добро за здравјето, а штом ќе видите на етикетата како не штети и убива ”99,99 % микроби”, случајот е решен. Никој не сака во своја близина бактерии, посебно кога има производ кој се бори против тоа, а освен тоа е многу евтин. Но, постојат и многу разни негативни факти кои се поврзани со него

Еве зошто треба да престанете да користите антибактериски течности за дезинфекција

 

Штети на кожата

Производите за дезинфкција воглавно содржат алкохол, кој е познат по тоа што има ефект на исушување. Со оглед на тоа што тој ја зголемува апсорпциската способност на кожата, тој исто така им овозможува на хемикалиите поефикасно да продрат во кожата. Одделни антибактериски гелови содржат глицерин, кој може да биде иритантен за кожата. Освен тоа, одредени состојки во него, како ацетати и гликол, дополнително може да ја оштетат кожата.

 

Може да создаде отпорни бактерии

Иако отпорноста може да звучи застрашувачки, тоа сигурно не е. На пример: прекумерното користење антибиотици потенцијално може да доведе до развој на бактерија која е отпорна на разни елементи. Кажано со други зборови, бактериите имаат способност да се развиваат како и се друго; повеќе да сме изложени на одредени бактерии кои се истите елементи. Воедно, поголеми се шансите тој елемент да има помала сила.

 

Содржи непознати и потенцијално опасни хемикалии

 

Како што е наведено, тие содржат воглавно алкохол и триклосан, но постојат и други хемикалии кои се вклучени во производот. Повеќето мирисни антибактериски течности користат некои видови конзерванси, кои можат да го продолжат рокот на траење на производот. Меѓутоа, овие конзерванси со секое користење на производот се впива во кожата. Мирисните антибактериски течности имаат повеќе конзерванси во себе, а два од нив – фталати и парабени – можат да го нарушат производството на хормоните.

Може да ја зголеми апсорпцијата на лошите хемикалии

Веќе споменавме дека антибактериските течности ја зголемуваат апсорпцијата на кожата. Притоа, кожата станува чувствителна на потенцијално штетните хемикалии. Една од таквите хемикалии се вика бисфенол А и може да предизвика оштетувања на ендокриниот систем. Студиите го поврзуваат бисфенол А со ракот, болести на срцето, неплодноста и дијабетесот.

Сапунот и водата делуваат подеднакво

За да ги измиете рацете, да ги дезинфицирате и да се чувствувате чисто, послушајте го следниот стручен совет. Имено, повеќето стручњаци препорачуваат користење на сапун и вода.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина