Поголемиот број жени кога ќе почнат да вежбаат во теретана или да одат на часови по аеробик имаат само една цел да ослабне и да го намали конфекцискиот број. Притоа се занемарува она важното, а се посветува внимание на она кое е погрешно. Имено, многу поважно е да се посветите на јакнење на телото, отколку на слабеењето.

Жените го одбегнуваат вежбањето со тегови зашто се плашат дека ќе станат како машкуданки, дека мускулите ќе им станат премногу изразени, па затоа воглавно се посветуваат на кардио вежбите. Тоа секако не е во целост погрешно, но постојат повеќе од добри причини зошто треба да се занимаваат и со јакнење на телото односно градење на мускулите. Добро се познати бенефитите врз здравјето од кревањето тегови и од тренинзите кои ги вклучуваат. Истражувањата од неодамна дури имаат пронајдено и врска помеѓу ваквиот начин на вежбање и намалувањето на ризикот од дијабетес тип 2, зголемена заштита од остеопороза и намален ризик од смалување на мозокот, кој доаѓа со стареењето. Исто така, добро е познато дека вежбите со тегови подобро влијаат на метаболизмот.

Во никој случај не треба да вежбате само еден вид вежба, а да ги запоставувате другите. Јакнењето на мускулите е многу важно, а тоа не значи дека мора да изгледате како Арнолд Шварценегер. Следниот пат кога ќе појдете во теретана, посоветувајте се со тренерот и нека ви препорача некоја вежбање со дигање тегови. Ако досега не сте го правеле тоа, почнете со помала тежина и постепено зголемувајте ја.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина