cresa1

До неодамна, сето ова се сметало за народна медицина, но сегашните студии дале и научна основа на сите досегашни информации. Иако не содржат толку многу витамин Ц како јагодите, но присустноста на антиоксидансите и другите корисни состојки, ги прават црешите многу здраво овошје.

Црешите ги содржат витамините Ц, Б и А, биофлавоноидите, елагичната киселина, антоцијанинот, мелатонинот. Овие состојки помогаат во борбата против ракот, ги спречуваат кардиоваскуларните болести, ги ублажуваат болките предизвикани од артритисот, болеста ГИХТ и главоболката, ги ублажуваат симптомите поврзани со фибромијалгичниот синдром. Црешите му помагаат на нашето тело да произведува мелатонин на  безбеден и здрав начин и ги подобруваат физиолошките и менталните функци . Свежите цреши се добри за елиминација на физичката и умствената  исцрпеност, а киселите цреши го подобруваат расположението. Многу слични здравствени својства имаат и вишните.

Позитивен ефект на црешите врз здравјето

Истражувањата покажале дека консумирањето цреши може да помогне во спречувањето на срцевите заболувања и ракот, и да ги ублажат болките и да го подобрат здравјето на коските. За ова најверојатно се заслужни антиоксидансите кои можат да се најдат во црешит , од кои се најздрави флавоноидите, антицијанинот и  керцетинот .

Превенција од срцеви заболувања

Според научните истражувања, флавоноидот кој може да се најде во црешите ( керцетинот ) има антиканцерогени својства и помагаат во спречувањето на срцеите  болести. Црешите во нутриционистичка смисла  се сметаат за важен извор на керцетин , бидејќи содржат големи количини по порција.

Превенција на рак

Во црешите се наоѓа и мала количина на амигдалин, инаку познат и како витамин Б17 или лаетрил, за кој се верува дека има позитивно влијание врз намалувањето на туморите,  го спречува ширењето на ракот и помага во ослободувањетона болкитепредизвикани од канцерогените процеси. Некои народи , како што се Хунзите во Пакистан, отсекогаш во храната користеле амигдалин и не заболувале од рак, што ги навело научниците да помислат дека се работи за храна која ја спречува појавата на рак.Направени се и лабораториски експерименти врз глувци , кои тоа и го потврдиле. Сепак, овие истражувања се доста контроверзнибидејќи амигдалинот содржи и цијанидна компонента која е отровна .

Ублажување на болките

Антоцијанините кои се содржат во црешите ги блокираат воспалителните ензими и ги намалуваат болките . Всушност , 20 цреши се10 пати поефикасни од аспиринот , и имаат корисни ефекти врз ублажувањето на болките кај болеста ГИХТ и артритисот.

Камења во бубрезите

Не е само плодот на црешата здрав – од дршките и стебленцата на црешата може да се направи чај за подобрено излачување на урината при појава на камења во бубрезите. За подготовка на чајот, ставете ги стебленцата во еден литар врела вода и варете го 2 минути, а потоа  оставете го 15 минути да се излади. Чајот процедете го и пијте го во мали голтки во текот на денот .

Здравје на коските

Црешите се сметаат за одличен извор на бор, ( содржат 396 ug/100g ), што во комбинација со калциумот и магнезиумот исклучително поволно влијаат врз здравјето на коските.

Црешите помагаат при губење на тежината

Црешите содржат многу малку калории, немаат маснотии, а имаат висока содржина на вода. Истражувањата покажале дека зголеменото внесување на вода во организмот го зголемува нивото на енергија и помага во забрзувањето на метаболизмот. Многу луѓе го користат придобивките од консумирањето на овошје богато со вода, како што се на пример црешите,  за губење на килограмите.

Како и повеќето овошја, црешите имаат многу калиум, а малку натриум, што ја помага елиминацијата на вода од организмот. Цреши се едно од овошјата со најнизок гликемиски индекс.

Црешите содржат комбинација на антиоксиданси одлични во борбата против стареењето, богати се со влакна, витамини А, Б и Ц, содржат многу минерали, особено калциум, железо и калиум. Секоја цреша има само 4 калории ( една шолја содржи околу 90 калории), имаат подеднаква количина на јаглехидрати и протеини,  а немаат воопшто  масти.