banana_nasl

Бананите се добри во борбата против депресија, помагаат за поголема концентрација, ја олеснуваат утринската мачнина и се борат против мамурлакот, превентивно дејствуваат против рак на бубрзеите, дијабетисот и ги чуваат коските. За некои од овие здравствени предности на бананата сигурно и сте слушнале, но секако не е на одмет да се потсетите и можеби да научите нешто ново.

Бананата е идеалната намирница за во моментите кога чувствуваме желба за нешто слатко. Таа многу поволно дејствува и на желудникот, ги отсранува желудочните бактерии и на тој начин ги намалува шансите за настанување на чиреви и други желудочни и цревни заболувања. Со оглед на тоа дека содржи јаглехидрати кои го активираат хормонот на среќата, бананите им се препорачуваат и на личностите кои страдаат од депресија и анксиозност. Исто така, ова слатко овошје го намалува и ризикот од остеопороза и болести на коските.

Бананите ги содржат витамините А, Б6,Ц и Е. Освен тоа, содржат и минерали како калиум, калциум, магнезиум, фосфор и селен. Калциумот и магнезиумот му се потребни на организмот за зацврстување на коските и спречување на несоницата. Истражувањата покажале дека селенот го спречува карциномот и проблемите со штитната жлезда. Калциумот е неопходен за функционирање како на човечкитеклетки, така и на клетките во растенијата и животните. Препорачаниот дневен износ изнесува 4,7 грама, додека во само една банана се содржат 450 милиграми калиум и третина од препорачаните дневни количини на витаминот Б6.

Прочитајте на кои се начини само една банана може да му помогне на нашиот организам :

-Ги спречува грчевите на мускулите за време на вежбањето

-Доколку изедете две банани пред тренинг ќе имате повеќе енергија

-Го подобрува расположението и ги ублажува симптомите на ПМС кај жените

-Го надокнадува калциумот во организмот и ја зацврстува косата

-Бананите ги намалуваат отоците, штитат од појавата на дијабетис тип 2, помагаат при држењето на диети, ги зајакнуваат нервите и го стимулираат производството на белите крвни зрнца, а сето тоа е така бидејќи во себе содржат високо ниво на витамин Б6.

-Бананата ви помага за да иате поголема концентрација и помага при учењето. Изедете една банана пред испитот или кога и да ви е потребна голема концентрација.

Со оглед на тоа што бананите содржат мала количина на натриум, претставуваат идеален избор за оние кои имаат проблеми со крвотокот. За нормалното функционирање на нашиот организам е важен и калиумот, а бананите го содржат во голема мера. Стандардната исхрана на голем број луѓе всушност е сиромашна со калиум, а богата со натриум, што е во спротивност со здравиот начин на живот, кој налага рамнотежа на овие два минерала. Иако недостатокот на калиум, особено доколку е во помала мера, не предизвикува некои посериозни последици или проблеми, големиот недостаток на калиум во организмот, т.н. хипокалемија е сериозен проблем.