Иако нивото на тестостерон и на постари години може да остане нормално, иако по 50-та година од животот го губи дури една третина од мажите. Симптомите од недостаток на тестостерон се хроничен замор и малаксаност, мускулна слабост и неволност.

 

Со тек на годините значителен број мажи се мачат со сексуалноста, поради желбата која и понатаму постои и неможноста да се спроведе. Извесен број од овој вид на проблеми има и во млади години, а честопати причината за тоа не може да се утврди прецизно. Проблемите со ерекцијата предизвикуваат и цела низа други проблеми – психички и емотивни. Во повеќето случаи лошата сексуална функција е последица од намаленото лачење на тестостеронот.

 

Колку е овој хормон важен за сексуалноста, но и за здравјето, и зошто во одреден период од животот полека исчезнува, подгледнете во продолжение.

 

Тестостеронот е важен не само за мажите, туку и за жените, ја поттикнува сексуалната функција кај двата пола, но е доминантно важен за мажите. Со естрогенот и прогестеронот, кај жените, врши баланс кога се работи за сексуалноста, која со менопаузата се менува на полошо. Кога се работи за мажите, нивото на тестостеронот почнува да опаѓа веќе по 40-та година, а веќе во 50-та третина од мажите влегува во хипогонадизам (состојба на намалено лачење тестостерон). Меѓутоам се е индивидуално, па се случува на постар години мажот да има нормално ниво на овој хормон.

 

Кај хипогонадизам, симптомите не се толку впечатливи како кај жените во менопаузата, но се присутни. Но, мажите обично оваа состојба ја поврзуваат со стресот во семејството, на работното место, во општеството, но никогап со случувањата во сопствениот организам. Колку долго ќе траат овие симптоми зависи од тоа дали е мажот дебел, дали пуши или пие. Кај дебелите, масното ткиво е хормонски многу активно, па благодарение на т.н. ароматазам доаѓа до претворрање на тестостеронот во естроген, кој може да биде причина за зголемување на градите. Инаку, кај дебелите луѓе присутно е пониско ниво на тестостерон. Во такви околности терапиското делување на тестостеронот не е пожелно, туку е примарно оној кој има вишок килограми да ослабне. Тоа може да го постигне со намалено внесување храна и со бирање на намирници кои имаат низок гликемиски индекс. Треба во исхраната да се вклучи боранијата, зелката, гравот, белоо месо, а задолжително да се исклучат морковите, грашокот и оризот. Сепак, основно нешто е и физичката активност, со која се постигнува добра линија и добро здравје. На пушењето и алкохолот треба целосно да се заборави.

 

Ако се покажале дека човекот не може да ослабне, се воведува тестостеронска терапија. Пред воведување на терапијата треба детално да се провери здравјето на простатата, со задолжителна анализа на тумор маркерите. Преглед на простатата треба да се врши еднаш годишно по 40-та година,а два пати годишно по 50-та. Ако се покаже дека ниските вредности на тестостеронот се условени од карцином на простатата, се прибегнува кон друг вид на лекување. Ако простатат е во ред, а само тестостеронот е понизок, мажите можат да се вклучат во супстициона терапија за да се задржи квалитетот на животот, да се врати самодовербата, да се зачува семејството и, секако, да се направи среќна партнерката.

 

 

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина