Вежбањето не подмладува на клеточно ниво
Колку повеќе вежбаме, толку помалку ни стареат клетките. Во најновото истражување на списанието Preventive Medicine се вели дека оние кои многу вежбаат имаат биолошки меркери на стареењето кои изгледаат за девет години помлади од оние кои седат и не се воопшто физички активни.
Истражувачите од Центарот за контрола на болестите и нивна превенција вршеле испитување цела една година врз 6000 доброволни испитаници. Тие биле прашувани какви физички вежби имале во изминатиот месец и колку енергично ги изведувале. Исто така дале и примероци од својата ДНК, од кои истражувачите ја мереле должината на нивните теломери. Теломерите, протеинските капачиња кои се наоѓаат на крајот на човековите хромозоми, се маркери на стареењето и за општата здравствена состојба. Секојпат кога една клетка се реплицира, се губи еден мал дел од теломерот, па така тие се скусуваат со самото стареење. Но, тие се скусуваат побрзо кај некои луѓе, а кај некои не, објаснува авторот на студијата, Лери Такер, професор по науката за вежбање на Универзитетот Бригам Јанг.
– Знаеме дека, генерално, луѓето со покуси теломери умираат порано и дека најверојатно ќе се разболат од некоја хронична боелст – вели Такер. – Тоа не е совршен, но е многу добар показател за биолошкото стареење.
По анализата на пушењето, дебелината, употребата на алкохолот, полот и други фактори, Такер во својата студија дошол до заклучок дека оние кои се многу физички активни имаат значително подолги теломери од оние кои само седат. Оние кои многу седат и се неактивни имаат 140 помалку базни парови на ДНК на крајот од нивните теломери, во споредба со најактивните: разлика од околу девет години на клеточно стареење – вели тој.
За да се квалификуваат како врвен вежбач, луѓето треба да џогират барем по 30-40 минути дневно, пет дена во неделата. И помалку вежбање има бенефит врз стареењето, но не е толку моќен. Оние, пак, кои вежбаат поенергично имаат теломери кои покажуваат околу седум години помалку од биолошкото стареење, споредено со оние кои умерено вежбаат.
Такер вели дека бил изненаден кога видел дека има толку голема разлика помеѓу умерено и високо активното вежбање.
– Умереното вежбање е се уште ценето и има некакви бенефити, но токму тие високо активни вежбања ја прави вистинската разлика – вели Такер. Врвните вежбачи тренираат енергично по 150-200 минути неделно, или преминуваат од лесен кон интензивен тренинг во подолг временски период. Истражувањето понатаму наведува дека долгото интензивното вежбање значи намалување на ризикот од развивање некоја хронична болест.
Моменталните студии се базираат на авто-извештаите за физичката активност и се во состојба да покажат само асоцијација – а не причинско-последична врска меѓу интензитетот на вежбањето и должината на теломерите. Тие не ги земаат притоа во предвид факторите како што се депресијата, стресот, нарушувањата на спиењето и прехранбените навики кои моќат да влијаат врз навиките за вежбање, генетските промени или и двете.
– Но врската помеѓу физичката активност и клеточното стареење има смисла – вели Такер. Експертите веруваат дека должината на теломерите може да се поврзана со воспаленијата и оксидативниот стрес, каде вежбањата се имаат покажани како ефикасни при нивното олеснување со тек на време.
– И, додека не постои гаранција за тоа дека оние луѓе кои имаат подолги теломери ќе живејат подолго и поздраво, шансите можат да бидат во нивна полза – се надоврзува Такер. – сите познаваме луѓе кпи изгледаат помладо од нивните вистински години – вели тој. – Знаеме дека вежбањето може да помогне во тоа, а сега знаеме и дека дел од тоа е можеби затоа што тоа има влијание врз нашите теломери.


