Веганска пита
Состојки:
- 7 парчиња готови кори за бурек, без јајца
- 200 гр. кромид
- 400 гр. компир
- 500 гр. тиквички
- 100 гр. свежо или чадено тофу
- 3 лажици соино млеко
- 2 лажички соја сос
- масло
- сол
- морско оревче
- куркума
Подготовка:
Исчистете, излупете го и нарендајте го сиот зеленчук. Посолете го добро и оставете го 5 минути. Вклучете ја рерната на 180°C. Исцедете го зеленчукот со раце, за да го отстраните вишокот на течноста. Додадете им ги тофуто и морското оревче. Потоа секоја кора премачкајте ја со масло, ставете од филот и свиткајте ја како палачинка. Редете ги во претходно подмачкан со масло плех. На крај, премачкајте ги сите кори со масло и со соино млеко. Одозгора наросете со куркума. Печете ја питата околу 35 – 40 минути.