Иако чудно обоената урина најчесто е бенигна, тоа е сепак сигнал за одење на доктор. Здравата урина по боја е боја на слама – бледо жолта и проѕирна, но со тек на време може да се појавува во сите бои на виножитото, од портокалова и розова, до кафеава и црна. Стручњаците имаат дадено објаснување за секоја нејзина боја која може да се најде во ВЦ-шолјата, а која е доказ дека нешто не е во ред со здравјето.

 

Матна и бела

 

Матната урина укажува на бактериска инфекција. Кога уринарниот тракт е инфициран, имунолошкиот систем ги испраќа белите крвни зрнца да ги напаѓаат микробите. Некои од нив излегуваат со урината.

 

Портокалова

 

Портокаловата урина може да биде обоена со бета-каротен, кој го има во морковите. Оние кои јадат големи количини моркови можат да имаат ваква урина. Но, таа може да биде и знак за хепатитис, бидејќи отокот во црниот дроб предизвикува жолчката да оди директно во бубрезите.

 

Виолетова

 

Виолетовата урина може да биде знак за болеста наречена порфирија, од која заболуваат околу 30.000 луѓе, главно во Велика Британија и Јужна Америка.

 

Бледо жолта

 

Здравата урина се состои од 96% вода и неколку други отпадни материи. Телото го излачува киселото соединение на азотот наречено уреа – кога вишокот аминокиселини се претвора во шеќер. Шеќерот останува во телото, а уреата, која доведува до пад на Ph вредноста, излегува од телото преку урината. Малата количина жолт пигмент во урината е соединението наречено урохром, кое се создава од рециклираните жолчни киселини.

 

Црвена или розова

 

Повеќето луѓе ги вознемирува црвената урина во ВЦ-шолјата. Понекогаш промената на бојата е прдизвикана од растителните пигменти, посебно од репката, но често поради крварење некаде во уринарниот тракт. Потребен е само еден милиметар крв за да ја претвори урината во црвеникава. Крварењето во уринарниот тракт може да биде предизвикано и од камен во бубрегот, удари во бубрезите или во мочниот меур или во ретки случаи укажува на канцер на мочниот меур или бубрезите.

 

Зелена

 

Зелената урина најчесто е нус-производ од бактеријата Pseudomonas aeruginosa. Оваа бактерија живее во цревата, но може да се пренесе во уринарниот тракт. Оние кои имаат рак на црниот дроб исто така може да имаат зелена урина, како и оние кои пијат големи количини зелен чај.

 

Сина

 

Ако имате сина боја на урина, најверојатно сте консумирале храна во таа боја, како некои бонбони на пример. Црниот дроб ја обработува бојата и ја испраќа директно во бубрезите на излачување. Сината урина е исто така предизвикана од употребата на метиленско плаво, кое се инјектира во случај на труење со цијанид или се користи за лекување инфекции на уринарниот тракт.

 

 

Пенлива

 

Може да настане од истите причини како и белата урина, но може да значи и прелевање на протеините од тешко заболени бубрези. Ако проблемот е во болест на бубрезите, освен пенлива урина, ќе се појават и други симптоми.

 

Кафева или црна

 

Исто така е алармантно присуството на кафеава или црна урина. За среќа, ова обично има добра причина. Јадењето од одреден вид грав предизвикува затемнување на урината поради нивната содржина на допамин. Овој ефект го имаат и некои лекови кои се земаат за Паркинсоновата болест.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина