Освен што е чин на љубовта, сексот навистина го лекува нашиот организам и тоа на начини на кои досега не сме ги ни замислувале. Сексот за најголем дел од луѓето е најголемо задоволство, но е добар и за милион други работи. Ако дознаете само некои од нив, ќе поработите на своите сексуални односи. Погледнете кои се сите тие задоволства.

Сексот го подобрува расположението

По водењето љубов неминовно ќе се чувствувате подобро благодарение на хормоните кои се ослободуваат по оргазмот, како и на големиот број ензими, а еден од нив е ендорфинот. Хормонот окситоцин, кој засилено се лачи за време на секс, ги прави луѓето да бидат пољубезни кон своите партнери, смирува и ги тера на спиење. Жените можат да го произведуваат четири пати повеќе од мажите. Овој хормон уште се нарекува и хормон на ,,прегрнувањето,,, бидејќи се ослободува 20 минути по прегрнувањето. Втор значаен невротрансмитер е серотонинот, кој е главен антидепресив и е најзаслужен за смеењето, за чувството на среќа и опуштеност по сексот.

Сексот е добар за срцето

Едно истражување спроведено на Универзитетот во Белфаст открило дека практикувањето секс три пати неделно драстично го намалува ризикот од срцев или мозочен удар. Научниците велат дека не е точна претпоставката дека мажите имаат поголеми шанси да добијат срцев удар за време на сексуален однос на 40 и на 50 – годишна возраст.

Сексот инаку е само уште еден облик на вежбање. Кажано со фитнес термин, тоа е еднакво како да пропешачите еден километар или да одите нагоре – надолу по скалила. Важно е да сте физички во форма.

Сексот штити од настинка

Сексуалните односи го зголемуваат имунитетот и со самото тоа штитат од настинки и грип. Утврдено е дека доколку паровите имаат сексуални односи двапати или повеќе пати неделно, ќе имаат поголемо ниво на имуноглобулин, кој му помага на имунолошкиот систем да се бори против вирусите.

Сексот го продолжува животот

Оние кои имаат секс помалку од еднаш неделно, имаат двојно поголем ризик да умрат млади, од оние кои се активни двапати неделно. Сексуалната активност има ефект да го штити здравјето на мажите. Ова може да биде поврзано со сексуалниот хормон кој се нарекува дехидроепиандростерон или ДХЕА. Овој важен хормон се создава во надбубрежните жлезди и функционира така што ги поврзува естрогенот, тестостеронот и прогстеронот. Нивото на ДХЕА расте пред оргазмот и ејакулацијата дури за три пати повеќе од вообичаеното ниво, а некои тврдат дека редовниот секс го продолжува животот.

 

Сексот ја зголемува плодноста

Тврдењетои дека воздржувањето од ејакулација го зголемува квалитетот и мобилноста на спермата за побрзо да се оплодат јајце – клетките е целосен мит. Кога спермата подолго време стои во епидимисот – долга свиена комора која се наоѓа зад тестисите, таа брзо умире. Честата сексуална активност и дава подобар квалитет на спермата, освен во случаи кога мажот има пониско ниво на сперматозоиди. За да ја подобрите плодноста, подобро е почесто да се има секс.

Сексот подмладува

Доктор Дејвид Викс од кралската болница во Единбург тврди дека сексот придонесува за квалитетен живот. Мажите и жените кои имаат активен сексуален живот изгледаат од пет до седум години помлади.

Сексот ослободува од стрес

Покрај лачењето на разни хормони, кои носат убаво и опуштено расположение по сексот, оваа активност е одлична и во борбата против стресот.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина