Сода бикарбоната, која е уште позната и како натриум бикарбонат или едноставно само ,,бикарбонат,, спаѓа во групата на антациди со најбрзо дејство. Таа го спречува чешањето при каснувања и убоди од инсекти. Помага да се отстранат забните плакови и ги неутрализира киселините кои ги оштетуваат забите. Се користи и за ублажување на инфекции на уринарните патишта, додека докторите ја користат за намалување на нивоата на киселост во крвта за време на дијализа кај пациентите со болни бубрези.

Медицинската сода бикарбона без алуминиум е природно средство за неутрализација. Сите хемикалии можат да се рангираат според својата PH вредност на киселост или базност. Водата, со својата pH вредност од 7,0 е неутрална. Сода бикарбоната помага при желудочни киселини. Доволно е да ја помешате со неколку капки лимонов сок растворена во чаша вода. Сокот од лимон помага да се ослободи малку гас кој може да го изгради содата кога ќе се комбинира со желудочната киселина. Но, еве и што уште друго лекува.

Содата како лек против гихт

Ова заболување настанува како последица од присуство и појава на силна мокрачна киселина. Со употребата на овој лековит прашок ја подобрувате и неутрализирате pH вредноста во урината. Поради тоа гихтот е уште една во низата болести кои можат да се санираат со натриум бикарбона.

Во борба со уринарните инфекции

Бактериите се размножуваат во благо – кисела средина во мокрачниот меур. Кога имаме инфекција, коктел од сода бикарбона и вода е совршен напиток по вечерата. Само внимателно, не треба да се претерува со консумирањето, бидејќи содата содржи калиум, па може да го зголеми крвниот притисок.

Чувар на здравјето на забите

Смалете ја количината на киселини кои ги оштетуваат забите со помош на сода бикарбона без алуминиум. Киселините кои ги испуштаат бактериите во устата ја нагризуваат забната глеѓ. Можете да ги неутрализирате така што четкичката за заби ќе ја ставите во вода во која претходно сте раствориле сода бикарбона и со неа ќе ги измиете забите.

За миризливи стапала

Додавањето на сода бикарбона во купката за стапала може да ги неутрализира бактериските киселини кои доведуваат до непријатната миризба на стапалата.

 

Терапија со сода бикарбона против кандида

Candida albicans е габа која во одредени количини е присутна кај секој од нас, бидејќи расте во цревната флора. Ја има во устата, грлото и половите органи кај повеќето луѓе. Организмот на здрав човек го држи нивото на кандидата под контрола, но ако случај падне имунитетот, габата почнува да се размножува и може да доведе до сериозни здравствени проблеми. За жените се препорачува раствор од сода бикарбона со шприц да се вбризга директно во полниот орган, 3 пати дневно, со цел брзо лекување, додека за машката популација се препорачува да го квасат полниот орган истовремено во два раствора: едниот да биде направен од две чаши јогурт вода во која ќе има растворено фармацевтска сода бикарбона, а во другата вода во која има растворено сол.

Лекување на рак со сода бикарбона

Медицинската сода бикарбона без алуминиум се препорачува и за лекување рак. Кај канцер на желудник, црева, ректум и усна шуплина се зема една кафена лажичка наутро и по една навечер со една чаша вода, месец дена. После овој период ракот треба да се повлече. Не пречи доколку оваа терапија се применува 4 недели.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина