Болката во грбот претставува тегоба чија најчеста причина е современиот начин на живот и работа и од неа пати се поголем број млади луѓе. Под современ начин на живот подразбираме нервоза, брзање, премногу седење, премалку физичка активност, неправилна и нередовна исхрана, недоволно и неправилно спиење… Покрај неправилното држење на телото и самата негова тежина, рбетот поднесува најголемо оптоварување, па со самото тоа често се јавуваат и болки. Наведуваме неколку трикови со кои можете да ги спречите или намалите повремените болки во грбот. Удобните чевли со цврст ѓон и анатомски влошки со правилното чекорење се половина завршена работа во борбата против болките во грбот. Јакнете ги стомачните мускули со вежбање, бидејќи токму силните стомачни мускули се пресудни за зачувување на рбетот.

 

Неправилното кревање товар со свиткување на телото го оптоваруваат рбетот. Затоа товарот треба да се крева од чучната положба (со раширени нозе). Одбегнувајте нгли движења, како што се нагло станување од кревет или од стол.Движењата изведувајте ги умерено, со потпирање со рацете и со претходно размрдување или загревање. Не го виткајте телото додека подигате или носите нешто, туку вртете се стапалата. Долготрајното неправилно седење е ,,смрт за рбетот,,. Затоа пред компјутер или на работната маса подметнете нешто под себе за да седите исправено. Паузата по долго седење е многу полезна. Одвреме – навреме станувајте и прошетајте се за да се размрдате.
При долго седење, колената треба да бидат свиткани под прав агол. Можете да ставите и подлошка под стапалата, за телото да заземе правилна положба. Долготрајното возење со автомобил е напор за рбетот, па затоа пред седнување во автомобилот подесете го седиштето за да не седите згрчено. Понекогаш правете паузи за омор и за прошетка. При влегување, а посебно при излегување од автомобил, одбегнувајте нагли движења и заземете правилна положба за да не се ,,вклештите,, или ,,истегнале,,. Спортувањето треба да биде редовно, a не повремено ,,со сите сили,,. Пред започнување со спортување задолжително е загревање или размрдување.

 

По долго одење правете покуси одмори во седечка положба. Долготрајното седење треба повремено да се прекинува со куса прошетка или со малку седење. Лошата положба при псиење променете ја со поудобна перница или со потврд душек, бидејќи премекото легло и предебелата перница го оптоваруваат рбетот и го намалуваат ефектот на одмор. Ако работите некоја работа така што грбот ви се загрева притоа, а потоа ви се лади, на грбот, под подмаицата, ставете крпа, којашто ќе ја впие потта. Потоа само извадете ја кога ќе завршите со работењето и нема да има ладење, ниту болки. Облогот од мокра врела крпа делува како хидротерапија и може да ја намали болката во грбот.  Ако ве боли грбот, обидете се со еден рецепт, кој понекогаш има ефект. Пред спиење, на болното место ставете најлон кеса. По неколку часа, тоа место ќе се загрее, испари и испоти. Отстранете ја кесата, избришете го тој дел и болкаа ќе се намали.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина