Еден од најчестите тестови за мерење на силата кај мажите и кај жените се склековите. Оваа едноставна, но многу ефикасна вежба стана синоним за спортскиот дух, казнувањето и силниот тренинг. Тешко е да се каже кога точно и како настанале, но секако склековите и ја должат својата афирмација на војската, бидејќи склековите таму се неизоставен дел од физичката активност и обуката. Најголемата предност на склековите е тоа што не ви е потребна дополнителна опрема, можете да ги правите било каде, и што е најважно, тие ги активираат сите поголеми мускулни групи во вашето тело.

 

Анатомија на склековите

 

anatomija na sklekovite

 

Склековите се вежби со кои првенствено се ангажираат градните мускули и трицепсот, потоа и мускулите на предниот дел на рамената и мускулите меѓу ребрата. Но, за време на правењето склекови голем број на мускулни групи на телото и рацете се ангажирани како стабилизатори, овозможувајќи правилно да се изведува оваа вежба. Ова значи дека склековите се вежби кои ги зајакнуваат и стомачните мускули.

 

Правилно изведување на склекови

 

Многу луѓе ќе ви ги објаснат правилните позиции на рацете за време на изведувањето склекови, но секогаш се работи за една иста позиција на телото. Меѓутоа, различните позиции на рацете можат на  разни начини да ангажираат различни мускулни групи во телото. Најважно е за време на изведувањето на склековите рамената да се држат правилно, како и задникот и нозете, и да се спуштате се додека не бидете на неколку сентиметри од подот.

 

Склекови: Варијанти

Склекови за гради

 

Колку е поголемо растојанието помеѓу дланките во текот на изведувањето склекови, толку повеќе се нагласува ангажирањето на градните мускули. Ако сакате да им додадете уште повеќе тежина на склековите и доколку вашата цел е дефинирање на горниот дел на градните мускули, подигнете ги нозете на стол или на кревет.

 

Склекови за раце (Дијамантски склекови)

 

diamond-push-up

 

Ниското потпирање многу повеќе ќе ги ангажира рацете, односно трицепсот. Склековите за трицепси или како што уште се нарекуваат, дијамантски склекови се прават на тој начин што со палецот и показалецот од двете раце се формира триаголник на подот.

Склекови за рамена

 

sklekovi-za-ramenja

 

 

Поинаквата позиција на рацете и дланките  додека правите склекови може да биде дополнително оптоварување за делтоидниот мускул во текот на склековите. Затоа, свртете ги дланките на начин што прстите да ви бидат кон надвор и под агол од 90 степени во однос на телото. Но, ако навистина сакате да ги дефинирате мускулите на рамената, потрудете се да направите склекови додека “стоите” на рацете, со нозете потпрени на ѕид.

 

Склекови за стомачните мускули

 

spajdermen-sklekovi

 

 

Спајдермен склековите ја отежнуваат оваа вежба,а се изведува така што се одвојува едната нога од подот, каде ногата се свиткува во коленото. Овие склекови многу повеќе ги вклучуваат предните и страничните мускули. Менувајте ги нозете.

 

Склекови за експлозивност

 

Ако сакате да развиете експлозивна моќ во рацете која е важна кај спортовите во кои се бара фрлање и удирање,  најлесен начин е да се направите склекови со плескање. Додека го подигнувате телото од подот, силно кренете се и во воздух плеснете со раце, а потоа веднаш направете нов склек и така се во круг, додека имате сила.

 

Т.н. РОКИ склекови

 

 

sklekovi rocky

 

 

Верувам дека сите се сеќавате на легендарните сцени од филмот Роки, каде истоимениот херој наизменично прави склекови на една рака. За оваа вежба треба сила и искуство. Ако веќе обичните склекови не ви се предизвик, почнете да правите склекови на една рака, со раширени нозе заради стабилност. Кога доволно ќе ги совладате овие склекови, обидете се да ги направите Роки склековите, експлозивно подигнувајќи се од подот и наизменично менувајќи ја раката.

 

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.