Расол е сокот од киселата зелка. Оваа течност е многу лековита, бидејќи во себе содржи големи количини од витамините Б, Ц, Е, К и минерали како калиум, калциум, фосфор, железо, бакар, цинк и магнезиум. Одлична е за дигестијата и за јакнење на цревната флора. Богата е со добри бактерии, кои му помагаат на дигестивниот систем, а покрај тоа расолот се користи и како природен лек за артериосклероза и висок крвен притисок, како и за лекување астма, реума, гихт и чир на желудникот.

 

Покрај се гореспоменато, многумина се согласуваат дека расолот е исто така добар и за јакнење на имунитетот, борец е одличен против мамурлукот, дека ја чисти кожата и помага кај разни видови карциноми. Така, мамурлукот го остранува со тоа што го хидрира организмот и ги надополнува загубените електролити.

 

Кисела зелка и расол

 

Зелката е здрава намирница која може да се јаде и сирова. Сепак, стручњаците и нутриционистите истакнуваат дека киселата зелка е една од ретките намирници која човекот успејал да ја подобри. Кога ќе се скисели зелката, таа станува дополнително збогатена со витаминот Б12, кој инаку го пронаоѓаме во намирниците од животинско потекло.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина