Летото, освен убаво време и годишни одмори, носи и комарци, муви и други инсекти. Одбегнувајте токсични инсектициди, бидејќи можат да ви нанесат повеќе штета од каснувањето на ,,малите јадачи” Природните репеленти на база на цитронела, чајно дрво, јабоков оцет, лаванда и босилек не се штетни за здравјето, а се ефикасни исто колку и купечките.

 

 

  • Ставете на прозорците и крај влезовите саксии со растенија кои ги одбиваат комарците, како што се мачја трева, цитронела, лаванда, магдонос, босилек, рузмарин и нане. Палете арома-ламби или миризливи стапчиња со мирис на овие растенија.

 

  • Измешајте етерично масло на цитронела или сончогледово масло и втријте го во кожата пред да излезете надвор.

 

  • Ставете 60 мл. масло од чајно дрво во шише со распрскувач од 200 мл. И дополнете го со дестилирана вода. Пред употреба проматете, напрскајте ја кожата и намачкајте се. Нанесувајте го често ако е потребно.

 

  • Јаболковиот оцет не само што ги одбива комарците, туку и разладува во жештините и помага за оддржување на pH вредноста на кожата. Додајте исецкан магдонос, па втријте ја оваа мешавина во кожата.

 

  • Етеричното масло од лаванда, разредено со маслново масло,е одлична заштита, а го ублажува и чешањето од каснувањето од комарци. Погоден е за нежната бебешка кожа ако ставете една до две капки.

 

  • Грст свеж босилек прелејте со половина шолја врела вода и по четири часа процедете го. Измешајте го потоа со половина чаша вотка и ставете ја смесата во шишенце со распрскувач. Пред употреба проматете го.

 

  • Црвенилото од каснување од комарец се ублажува со сок од алое вера, лимон чувар на куќата, раствор од сода бикарбона, масло од црн ким и глина, или само истријте го болното место со внатрешноста од кора од банана.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина