Започнете со помал број на тренинзи. Водете сметка за интензитетот со кој вежбате, бидејќи заморот може да направи повеќе штета одошто полза. Трудете се поправилно да ги изведувате вежбите и да ги слушате инструкциите на тренерот.

1. Постапност

Започнете со полесни вежби три пати неделно, па постепено зголемувајте го нивниот интензитет и број.

2. Бидете свесни за своите можности 

Започнете со помал број на тренинзи, водете сметка за интензитетот со кој вежбате, бидејќи заморот може да направи повеќе штета одошто полза. Трудете се поправилно да ги изведувате вежбите и да ги слушате инструкциите на тренерот.

3. Вежбајте редовно

Важно е да се здобиете со навики и да вежбате за здравјето, бидејќи само така ќе дојдете до посакуваните резултати.

4. Носете соодветна облека и обувки за избраниот тренинг

Облеката треба да биде доволно пријатна и удобна за вежбање и не смее да го ограничува движењето. Што се однесува до обувките, патиките треба да се удобни и никако не смеат да се врзуваат околу глуждовите, а за body и mind програмите обувките нема да ви бидат потребни.

5. Истрајност

Не одбегнувајте загревање и истегнување т.е. немојте да доцните или напуштете го часот пред официјално да заврши.

6. Не споредувајте се со другите

Секој е единка сам за себе. Некогаш напредокот зависи од мотивацијата, генетските предиспозиции, функционалните и моторичките способности, знаењето. Се советува да водите дневник, зашто така ќе имате увид во својот напредок.

7. Не вежбајте со „полн стомакниту кога сте гладни

И во двата случаи може да дојде до намалување на концентрацијата, а често се јавува и чувство на слабост. Важно е непосредно пред тренингот да не се консумира храна која предизвикува зголемување на шеќерот во крвта. По тренингот, препораката е организмот да се смири и да ги надомести загубените течности, па дури потоа да се земе лесен оброк.

8. Издржете три месеци  

Штом еднаш ќе започнете редовно да вежбате, по тој период ќе сфатите дека сте донеле вистинска одлука за да бидете поздрави, поактивни и посреќни.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина