Опсесивно – компулсивното нарушување или скратено ОКН се карактеризира со непријатни и вознемирувачки идеи и однесувања кои постојано се повторуваат, а кои поединецот чувствува дека треба да ги изврши, со цел да почувствува олеснување. Денес, научниците ОКН го сместуваат во анкциозните нарушувања и неврози. Една од особините на потенцијалните носители на ова нарушување е тежнеењето кон перфекционизам, при што постои разлика помеѓу оние луѓе кои се карактеризираат со нарцисоидни црти на личноста од оние кои се многу самокритични. Првите имаат идеја дека се совршени во се, а другите се многу строги кон себе. Исто така, овие луѓе многу често се сиромашни во изразување на емоциите и имаат одреден вид на блокада и секогаш и даваат предност на контролата над ситуацијата во однос на чувствата. Луѓето со опсесивно – компулсивно нарушување на личноста често не се свесни за овој проблем. Тие се поголем проблем за околината, отколку за себе. Ретко се јавуваат за помош и имаат потреба да се лекуваат. Овие болни најчесто имаат присилни мисли од религиозен, агресивен и сексуален вид кои во врска со други луѓе, валканост, зараза и уредност.

Ова се десетте најчести знаци за опсесивно – компулсивното нарушување:

1. Миење раце

Компулсивното миење на рацете и употребата на сапун за дезинфекција е многу чест симптом за ОКН, а се опишува со постојан страв од бактерии и нечистотии. Тој страв е извор за други фобии, поврзани со стравот од зараза со разни болести. Помош треба да се пружи ако и по миење на рацете некој се уште мисли дека се валкани.

2. Претерано чистење

Луѓето со ОКН честопати имаат тенденција за опсесивно чистење. Како и кај миењето на рацете, тие развиваат сложени техники за чистење на домот. Тоа вклучува постојано размислување за бактерии во домот, како и поттик за постојано да се усисава неколку пати дневно по повеќе часови. Иако е тешко да се одредат границите за компулсивното чистење, проблемот е очигледен ако по чистењето почувствувате олеснување, но тоа не трае подолго, туку многу брзо пак мислите дека е се валкано.

3. Постојани проверки

Таканаречените ритуали за проверување се типични за опсесивно – компулсивните нарушувања, а најчесто се работи за постојано враќање дома, со цел да се провери дали е исклучена рерната, дали е заклучен автомобилот и сл. Нормално е понекогаш да се проверува дали е нешто заборавено, но ако тоа проверување го попречува секојдневниот живот, треба да се побара помош.

4. Сметање

Оптовареноста со броеви, како и собирањето и одземањето на секојдневни предмети или настани се уште еден симптом за ОПН. Од верувањето дека бројот седум е добар, па до тоа дека треба да се застане по секој седми чекор не е само празноверие, туку показател за нарушување. Ако понекогаш се забавувате со броење на плочки или скалила, не треба да се грижите. Но, ако броевите едноставно не можете да ги исфрлите од глава, тогаш тоа е проблем.

5. Организација

Луѓето со ОКН се совршени организатори кои се сведуваат до совршенство, симетрија и споредување, кои на другите им звучат ирационално.

6. Страв од насилство

Секому понекогаш му се јавуваат мисли дека на нив или на нивните блиски ќе им се случи нешто лошо. Но, неможноста за одбегнување на таквите мисли е специфична за опсесивно – компулсивното нарушување.

7. Несакани сексуални мисли

Налик на стравот од насилство, така и мислите од сексуална природа често се јавуваат кај луѓето со ОКН. Тие обично се несоодветни и допираат сексуални табуа, како што се педофилски чинови или секс со животни.

8. Анализирање на односите со другите луѓе

Опсесивните анализи на љубовните, семејните и пријателските односи можат да бидат резултат на проблеми во нив, но ако тие размислување не престануваат и ако се насочени на чувството на беспомошност, тогаш стануваат симптом за ОКН.

9. Барање потврда

Еден од начините на кои луѓето со ОКН настојуваат да го смират својот немир е барањето на мислење од пријателите и од членовите на семејството. Поради тоа се склони тоа прашање да го поставуваат повеќе пати.

10. Комплекси поради физичкиот изглед

Нарушувањата од доживувањето на сопственото тело е еден од облиците на ОКН, а се карактеризира со фокусираност на одреден дел од телото, кој се смета за ненормален, грд и непривлечен. Најчесто се работи за косата, кожата или носот. За разлика од нарушувањето во исхраната, ова нема врска со доживувањето за телесната тежина.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина