Светската престолнина на гламурот и модта е позната по врвните луксузни забави, ресторани и успешни жени кои совршено балансираат помеѓу работата и приватниот живот. Најпознатитен видови диети кои потоа беа прифатени од целиот свет, а кои подразбираат гладување и ветуваат неколку килограми помалку, потекнуваат токму од Големото Јаболко.

Меѓутоа, најновиот тренд кој владее во САД е нешто сосем друго. Се работи за таканаречената Њујоршка диета која не се поврзува за класичен режим на исхрана и гладување, туку за уживање во храната и животот.

Оваа моментално најпозната диета, а воедно и здрав и прифатлив начин на исхраната го прифатија многу Њујорчанки. Она што особено освојува во онаа диета, но и она по што се издвојува од сите останати е дека во нејзе нема одредено мени, нема одрекувања, забрани и што е најважно, нема гладување.

dieta_1

1.Јадете го она што ви одговара

2.Јадете само и единствено само доколку се чувствувате гладни

3.Немојте да се прејадувате, туку „ повлечете ја сопирачката “ кога ќе почувствувате дека повеќе не сте гладни. Нека количината која ќе ја соберете во вашата дланка ви биде мерка за количината храна која треба да ја ставите во чинијата.

4.Не се изгладнувајте во никој случај. Меѓуоброците се секогаш добредојдени. На вашето биро или маса секогаш нека има малку крекери, јаткасто и суво овошје. На овој начин ќе си овозможите здрава и хранлива ужинка.

5.Секогаш слушајте го своето тело и јадете го она што ви одговара и кога ви одговара. Тоа значи дека, доколку сакате да јадете дури и околу 22 часот, слободно грицнете нешто паметно за да го ублажите гладот. Истото важи и за десертите и слатките ужинки како пудинг или чоколадо, но во помали количини, се разбира.

6.Поедноставете ги оброците. Докажано е дека што поголем избор на храна имаме, толку повеќе храна ќе изедеме. Сетете се на пример на шведската маса, кога сме ненаситни и сакаме да ги пробаме сите деликатеси, иако можеби тоа не ни било во план. Накратко, поголема понуда – поголемо искушение. Задржете се на едноставни комбинации на храната или пак на иста вечера се додека не ви здосади.

7.Немојте да ги избегнувате протеините и житарките. Лебот, оризот и тестенините не се ваши непријатели. Напротив, тие се добри за комбинирање на оброците со свежи сезонски салати и зелечук. Се препорачува единствено да ги избегнувате белото брашно, белиот ориз итн…

8.Кога и да можете, уживајте во свежиот сезонски зеленчук. Освен што има одлични сезонски намирници кои не се калорични и скапи, ќе го снабдите вашето тело со потребните витамини неопходни за правилно функциоонирање на организмот.

9.Забравете на хамбургерот, гирото, пицата и сличната брза храна, бидејќи навистина таа е вашиот најлош непријател.

10.Внесете во својот живот малку физичка активност. Било која е добредојдена и придонесува за намалување на телесната маса, јакнење и обликување на мускулите и подобро здравје за целиот организам.